Дојдовме до средината на Постот

Студитски манастир

Браќа и отци! Со Божја помош доспеавме и до средината на Светата Четириесетница, и се радува душата на секој христијанин што се приближува Светата Пасха и ни носи одмор после големиот труд и подвиг на постот. Ова го зборувам затоа што сиот наш минлив живот може да се спореди со Светата Четириесетница, бивајќи како подготовка за вечната Пасха. Иако е голем и достојно почитуван секогашниот Велигден, сепак, според учењето на светите отци, тој е само слика на небесниот Велигден, оти нашиот Велигде трае еден ден, доаѓа и со оди, а оној е вечен. Овде празниците и прославите се соединети со искушенија и световни страдања, а во идниот Велигден нема да има ниту едно страдание, ниту една болест или тага, туку само – радост и веселие. Таму ќе биде непрестаното и серадосно псалмопеење, и усогласено славеничко песнопение, богата трпеза исполнета со вечни блага, ново питие, за кое на Тајната вечера Христос им рекол на Своите апостоли: „И вам ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод сè до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец“ (мт. 26,29).

За царското насладување со вечните блага Тој им рекол на Своите ученици пред вознесението на небесата: „Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас“ (Јн. 14, 2-3). И уште рекол: „Во оној ден вие ќе разберете, дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Мене, и Јас сум во вас“ (20). И уште: „Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, оти Ме возљуби уште пред да се создаде светот“ (Јн. 17,24). Овие зборови Христос не ги кажал само за апостолите, туку и за сите христијани; слушај што ти вели Тој: „Но не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил“ (Јн. 17,20-21). Може ли било што да биде поутешително од овие зборови на нашиот Господ Исус Христос, кои ја докажуваат Неговата љубов кон нас? Каква душевна суровост нема да омекне и какво срце тие нема да трогнат?

Свети Теодор Студит

Крштението во нашиот јазик по значење е сродно со крстот. Среќна сродност! Иако видливото дејство на крштението е потопувањето, сепак, неговата суштина се состои во сораспнувањето со Христа на внатрешниот, духовен крст. Апостолот Павле вели: „нашиот стар човек е распнат со него (Рим. 6,6) во крштението“. Тоа не е никакво механичко делување, туку промена на карактерот и преобраќање на мислите, целите, желбите и чувствата. Порано сето тоа било извалкано со самоугодување; сега во самоодрекувањето сè Му се посветува на Бога, во Христа Исуса, преку благодатта на Духот Свет. Ќе речеш: „Јас тоа не го бев сфатил кога се крстев“. Но, сега го разбираш. Во својата совест труди се да ги исполниш заветите на крштението, затоа што тоа е неизбришливо. Дури и на Судот неговите печат ќе биде видлив на тебе – или во твоја полза, или против тебе.

Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

1 Comment on "Дојдовме до средината на Постот"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
wpDiscuz