Дојди и всели се во нас

Освети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив Јас се посветувам (ἁγιάζω), та и тие да бидат осветени (ἡγιασμένοι) преку вистината. Но не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сè едно, и да узнае светот дека Ти си Ме пратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби.

Јн. 17, 17-23

Нашиот Господ се посветува Себеси за нас, односно, се посветува Себеси целосно на нас, правејќи се Себеси наш, за и ние да може да бидеме осветени, односно Негови преку вистината. Тој ни ја дава и Неговата слава, највидливо откриена на гората на Преображението, во убавината на Синот, нетварната Светлина на Духот, Првосвештеничката молитваи потврдувачкиот глас на Отецот. На сите нам ни е дадена оваа слава, за да можеме да се соединиме со Него, и да имаме заедница со Него. Оти, надвор Едниот Троеден Бог и Создател на сите нас, ние не можеме да бидеме едно.

Затоа, денес да бидеме отворени за тоа што веќе ни е дадено; за славата што Тој ни ја нуди, повторно поврзувајќи се со Него преку срдечна молитва. Да не лутаме бесцелно по светот, во изолација, сами. Напротив, да бидеме во Него, пребивајќи близу до Неговото слово, за да одиме и говориме како испратени во светот, каков што е и нашиот призив, потсилени со Неговата смирена и обединувачка благодат.

„Дојди и всели се во нас“, Господи, за сите да бидеме едно, како што си Ти. Амин.

Сестра Васа Ларин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz