Добар ден, Христе мој!

pirea

Пред 1922 г., заедно со другите бегалци од Мала Азија, во Грција дојде и едно момче по име Симеон. Одлучи да живее во Пиреа, сам, во една барака, каде всушност и порасна. Работеше како амал и имаше една количка, со која пренесуваше товар на пристаништето во Пиреја. Неписмен беше и не знаеше многу-многу за духовниот живот, но имаше блажена простота и искрена вера. Кога му дојде времето, се ожени и му се родија две деца.

Тогаш се преместија да живеат во Никеја. Секое утро одеше до пристаништето од Пиреја за да си го спечали лебот и секое утро поминуваше покрај црквата на свети Спиридон. Ќе влезеше внатре, ќе застанаше пред иконостасот, ќе ја соблечеше шапката и ќе речеше: „Добар ден Христе мој, јас сум Симеон. Помогни ми да си го спечалам лебот“.

Навечер, кога завршуваше со работа, повторно ќе поминеше покрај црквата, ќе отидеше пред иконостасот и ќе речеше: „Добро вечер, Христе мој, јас Симеон, Ти благодарам што ми помогна и денес“.

Така минуваа годините на благословениот Симеон.

Некаде околу 1950 г., жената и децата на Симеон се разболеа од туберкулоза и се упокоија во Господа. Симеон остана сам, но продолжи без разочарување да си ја работи работата и не престана да поминува покрај храмот на свети Спиридон, да Го поздравува Христа и да му благодари.

Кога остаре, Симеон се разболе и лежеше во болница еден месец.

Еднаш, една од задолжените медицински сестри на одделениото го запраша:

– Дедо, толку време си тука и никој не дојде да те види – немаш роднини?
– Дете мое, Христос секое утро и вечер доаѓа и ме утешува.
– И што ти вика, дедо?
– Добро вечер Симеоне, Јас Сум Христос, издржи.

Сестрата се зачуди и го викна својот духовник, отец Христодул, да дојде и да види дали е со Симеон сè во ред. Отец Христодул го посети, започна разговор со него, му ги постави истите прашања што му ги постави неговата духовна ќерка и ги доби истите одговори. Во истото време (наутро и навечер – кога Симеон одеше во храм и Го поздравуваше Христа), доаѓаше Христос и го поздравуваше Симеон.

Духовникот праша:

– Да не си фантазираш?
– Не оче, не фантазирам. Христос дојде и денес.
– Дојде?! И што ти кажа?
– Добар ден Симеоне, Јас Сум Христос. Потрпи и уште три дена ќе те земам кај Мене.

Духовниот секој ден одеше во болницата и разговараше со Симеон за неговиот живот. Сфати дека пред себе гледа благочестив човек. Третиот ден повторно отиде да го види Симеон и да се увери дали ќе се оствари предвиденото. И навистина, по кратко време од нивниот разговор Симеон ненадејно извика: „доаѓа Христос!“.

И така заспа во праведен сон.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz