До крај треба да истрпиме

crkva-sv-teodor-studit

Немој да мислите дека е спасен оној кој еднаш или неколкупати претрпел по нешто. Напротив, ќе се спаси оној кој благодушно поднесува сѐ што се случува до самиот крај. Оној кој насреде или при крај ослабе и се откаже од блаженото послушание ќе биде достоен за жалости и ридање како при бродолом, зашто не само што го губи сиот поранешен труд, туку и неизбежно потпаѓа под осуда во Денот на праведниот суд Божји. Затоа, бидете чисти и непорочни во сѐ и преку сите дни на својот живот заради славата Божја, заради спасението на својата душа и заради доброто во делата на небесата со вашите отци. Да се удостоиме да ликуваме и да се радуваме со Антониј Великиот, т.е. со светлиот светилник, со Евтимиј Богоносецот и Пахомиј Христоносецот, со многуопеаниот Сава, со Теодосиј себлажениот, со Доротеј богопросветениот, со Дометијан рамноангелниот, со Акакиј сесветиот, со Доситеј богоугодниот, со Василиј секогашживиот (т.е. послушниот), со Захариј во Дух облечениот со Атр, слугата Божји. И зошто да говорам за останатите: со Петар и Павле, врховни меѓу дванаесетте апостоли, со јерарсите, јереите и светите маченици. Дури и ако не успееме да застанеме со нив, сепак нема да бидеме лишени од нивното видение, беседа и застапништво. Се надеваме дека ќе ја видиме и самата Господарка, Сецарица и Владичица наша Мајка Божја и ќе припаднеме кон нејзините стапала. Впрочем, ние очекуваме да Го видиме и самиот Владика на сите и наш Господ, иако ова е смело. Зашто, божествениот Павле рече дека во новиот живот ќе бидеме вознесени на облаците за да Го сретнеме Господа и дека секогаш ќе бидеме со Него (1Сол. 4,17). И така, кога ни претстои таква слава, таква радост и таков живот, кој тогаш нема да заигра, кој нема да поревнува, кој нема да биде загреан и затоплен од љубовта кон Бога и решеноста да се стори сѐ подобно, па колку и да нѐ чини тоа?

Преподобен Теодор Студит

Добротољубие, том 4
29.4

Оставете коментар

2 Comments on "До крај треба да истрпиме"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Nisto drugo ne sakam vo mojot zivot-osven Bog i Majkata Bozja da mi pomognat vo zivotot da gi spoznaam niv,nivnata Slava,nivnata ljubov nivnata griza za nas gresnite i nedostojnite,od koi prva sum JAS.Pomagajte na site koi ve baraat VAS,posetete gi so svojata Blagodat,za da dojdime site vo Carstvoto Nebesno.Amin+++

[…] До крај треба да истрпиме […]

wpDiscuz