Врвот на основните добродетели

Укажување за крајната граница или врвот на основните добродетели
од блажениот Дијадох, Епископ Фотички во древниот Епир Илириски

Бдение

1. Крајната граница или врвот на совршенството на верата е бестрастното потопување на умот во Бога.
2. Крајната граница на надежта е преселувањето на умот кон очекуваните добра.
3. Крајната граница на трпението е набљудувањето на невидливото како видливо со очите на умот, со непоколебливото чување на трпението.
4. Крајната граница на сиромаштвољубието на нестекнувањето е желбата ништо да се нема, [онака] како што другиот сака да има.
5. Крајната граница на разбирањето е незнаењето за себе во истапувањето (или во потполното насочување) кон Бога.
6. Крајната граница на смиреноумието е одлучното заборавање на сопствените добри дела.
7. Крајната граница на негневливоста е големата желба за негневењето.
8. Крајната граница на чистотата е чувството кое е непрестано припоено за Бога.
9. Крајната граница на љубовта е големото пријателско чувство кон оние кои нѐ навредуваат и посрамотуваат.
10. Крајната граница на совршеното преобразување во сладосното вкусување на Бога е прифаќањето на смртните маки како радост.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz