Детско Добротољубие

Деца

На часот по веронаука во Аранѓеловац, соседна Србија, вероучителот на учениците од второ одделение им предложил на листе хартија да напишат една своја кратка молитва. Резултатот на оваа љубопитност на вероучителот поразува со едноставната убавина, вера и љубов на малите второоделенци. Читајќи ги нивните детски молитви, секој од нас може да се увери во светоста на овие млади души, допрени од божествената рака на нашиот Спасител.

– Те молам, Боже, да се укине смртта, и животните повеќе да не ги напаѓаат луѓето. Ти благодарам што си го створил светот на кој сега живееме. Ти благодарам што нè лечиш од разни болести. И прости ми ги сите мои гревови, амин! Уште Те молам од Тебе да ни се врати Исус Христос. (Н.Ј.)
– Оче наш, подари ни добрина, дај ни памет за да имаме само петки. Испрати ни Го Исуса Христа, за да останеме вечно живи. Амин. (М.М.)
– Боже, јас би Те замолила да ми го направиш ова: да бидам одлична на училиште, и да бидам среќна во животот. Да излегувам секој ден пред зграда, и уште Ти посакувам и Ти да бидеш добро. И со оваа молитва го барам од Тебе сето ова. Твоја А. (А.Ц.)
– Оче наш, Те молам, дојди во светот за сите да Те видат. Благослови ги сите ученици, и прости им ги нивните гревови. Дарувај му на овој свет љубов, за луѓето од сиот свет да се љубат, да не се караат и да не се бијат. Амин! (Т.Б.)
– Драг Боже, Те молам овој свет да се промени: да биде чисто и лошите момчиња да се изменат. (Н.Н.)
– Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, амин. Боже наш, благолови нè и на сите подари им ги даровите кои им се мили. На оние кои грешеле во животот, прости им. Сиромашните благослови ги. (А.К.)
– Оче наш, Ти благодарам за сè. Ти се заблагодарува М.М.
– Ти благодарам, Боже, што си ни подарил живот. (М.А.)
– Боже, јас се молам да нема веќе биење, да нема смрт и да бидеме добри луѓе. Уште би сакал да нема војни и да нема болести. (М.С.)
– Ти благодарам за училиштето, и добрите учители и учителки. Те молам да Го видам Исуса Христа, и да не настинам. И сите да се дружиме. (Т.В.)
– Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, амин. Ти благодарам, Боже, што си ни подарил живот на планетата Земја. Прости ни ги гревовите и пцовките. (М.)
– Боже, подари добро на секој оној кој Те знае. Дојди ни на земјата, оти Те љубиме и сакаме да Те видиме. (Ј.Л.)
– Боже, Те молам да Го видиме Исуса Христа. И Те молам да можат сите, дури и јас, да летаат. И Те молам да нема војни, и сите вечно да живееме. И те молам да нема наркомани, и да нема крадци! И Исус да слезе наскоро на земјата, и сите да бидат среќни… (М.П.)

Оставете коментар

1 Comment on "Детско Добротољубие"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Kolku se iskreni i nevini molitvite kon Boga od decata,zatoa Bog ni poracuva da bideme smireni kako decata za da go nasledime Carstvoto Nebesno,i jas premil Boze Gospode Ti se molam za mir vo svetot,za ljubov megu lugeto,za zdravje i spasenie na celiot svet,a Ti blagodaram za se sto si mi dal do sega,AMIN+++

wpDiscuz