Детска Лествица

Пренесуваме уште еден мал извадок од детската Лествица.

Целивај Го Бога, за и Тој тебе да те целива. – А. П. (второ одд.)
Тетратката ми е празна, но душата ми е полна. – А. Б. (второ одд.)
Колку што е голема Ајфеловата кула, толку голема е и љубовта кон Бога. – Ј. Г. (второ одд.)
Кога си несреќен, знај дека Бог е во тебе. – С. Ќ. (трето одд.)
Помалку јади, повеќе работи. – Е. М. (трето одд.)
Само заедницата ќе го спаси светот. – Т. К. (трето одд.)
Животот без Бога е како да сте мртви. – Д. П. (трето одд.)
Животот е како глума, но понекогаш глумците немаат живот. – А. И. (трето одд.)
Твојот живот е важен, но животот на другиот може да биде и поважен. – А. С. (трето одд.)
Кога си тажен, имаш празнина. – Т. С. (трето одд.)
Пчелата нема да слета на свенат цвет. – В. Р. (четврто одд.)
Ако се молиш, ти си дел од Бога. – М. Ќ. (четврто одд.)
Не ги спасува луѓето Џемс Бонд, туку Бог ги спасува. – Н. Л. (четврто одд.)
Литургијата е присуство Божјо, кое не може да се случи без тебе. – Н. В. (четврто одд.)
Не знам кој сум, додека не Го видам Божјото лице. – Т. Т. (петто одд.)
Љубовта е насекаде околу нас, но ние не кружиме околу неа. – М. Г. (петто одд.)
Кога Бога Го исмејуваш, себеси си се исмејуваш. – А. К. (петто одд.)
Мудроста доаѓа во тишина и мир. – Д. Ѓ. (петто одд.)
Колку повеќе ропташ на животот, толку повеќе остануваш без мир. – Д. Ж. (седмо одд.)
Колку повеќе зборуваш, толку помалку слушаш. – К. Ќ. (седмо одд.)
Кога би се сеќавала на Бога, помалку би мислела на гревовите. – А. М. (седмо одд.)
Годините се скалила на искуството. – Л. В. (седмо одд.)
Другиот живот зависи од овој. – Н. В. (седмо одд.)
Среќата не се наоѓа. Таа се гради. – Х. Т. (седмо одд.)
Луѓето ја создаваат својата судбина преку своите мисли. – В. Ј. (седмо одд.)
Кој искресно се кае, добродетелта подолго му трае. – Б. Б. (седмо одд.)
Телото е само предмет на твоето постоење, а верата и надежта го одржуваат. – Л. П. (седмо одд.)
Животот е лесен, ако знаеме како да го живееме. – К. В. (седмо одд.)
Човекот не е човек без другите луѓе. – У. Ј. (седмо одд.)
Бог е доказ дека човекот постои. – А. Б. (седмо одд.)

Оставете коментар

1 Comment on "Детска Лествица"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Чудно е, многу чудно, како во оваа лествица нити еднаш, ама нити еднаш, не се споменува името Христос, ај, ај, ај

wpDiscuz