Децата богословат: Причестување

Кој го држи путирот, го држи Царството Божјо. – Д. Д. четврто одд.
Причеста е како кога ќе ти падне камен од срце. – Е. К. четврто одд.
Кој се причестува, душата му се смее. – Н. Г. четврто одд.
Честото причестување е како добивка на лото. – И. Е. четврто одд.
Не кради, туку оди и причести се. А. Б. четврто одд.
Кој Причеста ја јаде, Бог му се дава. – Ц. С. четврто одд.
Причест… и душата ти е како мед. – Ј. Ц. четврто одд.
Причестувањето е комуникација со Бога. – Н. Б. четврто одд.
Кој се причестува, го очекува добра иднина. – Ј. У. четврто одд.
Ако порано си се причестувал, а потоа си престанал, Бог нема да те препознае. – Ј. В. четврто одд.
Причеста е подарок од Христа, кој нѐ прави добри. – Т. В. четврто одд.
Причеста е сигурна влезница за другиот живот. – В. П. шесто одд.
Причеста е просветлување за оние кои [истото] го посакуваат – Ѓ. М. шесто одд.
Со Причеста човекот објавува: „Со нас е Бог“. – М. Д. шесто одд.
Колку повеќе се причестуваме, толку поблиски сме Му на Бога. – С. Д. шесто одд.
Бог има крв за сиот свет. – М. М. шесто одд.
Каква и мисла во тебе да плови, по Причеста секогаш можеш да бидеш подобар. – Е. М. седмо одд.
Преку Христовото Тело и Крвта, во нашето тело благословот на Отецот царува. – Ј. М. седмо одд.
Одречи се од гревот, никогаш не е доцна, причести се и сѐ ќе ти биде јасно. – Н. Ј. седмо одд.
Нашата љубов и вера кон Бога не е потполна доколку причестувањето не игра [главна] улога во нашиот живот. – Е. К. седмо одд.
Причеста ако ја избегнуваш – Бога Го избегнуваш. – С. П. седмо одд.
Каков било и да си, Причеста не го мрази твојот карактер. – М. Л. седмо одд.
Кој се причестил – заповед надоместил. – А. П. седмо одд.
Кој се причестил – со умниот мир зацарил. – А. П. седмо одд.
Кој се причестил – Второто Христово доаѓање го наговестил. – Д. С. седмо одд.
Причеста – краток пат до Рајот. – А. С. седмо одд.
И сонцето слабо сјае наспроти олтарските одаи. – М. С. седмо одд.
Причеста е животно остварување на Царството Божјо во човекот. – Н. Ј. осмо одд.
Преку причестувањето се приближуваме до секој еден кој Го љуби Бога. – М. Р. осмо одд.
Причеста се приближува до оној којшто се приближува до Црквата. – К. Р. осмо одд.
Мирот и љубовта нѐ водат по патот на човекот, а Причеста по патот на Бога. – И. В. осмо одд.
Не може да Го почитуваме Бога доколку не се причестуваме со Него. – Ј. Р. осмо одд.
Без Причеста како да одиме по бесцелен пат. – Ф. К. осмо одд.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz