Детето и професорот

Амфитеатар

Некој познат професор, кој бил атеист, држел предавање во некој амфитеатар промовирајќи ја неговата најнова книга во која го негирал Божјото постоење. Професорот зборувал со часови и на крајот прашал дали некој од публиката сака да постави некое прашање. Но, сите молчеле, плашејќи се од елоквентноста на професорот и никој не се осмелил да го порекне или да го потпраша.

И баш кога професорот помислил дека успешно ги презентирал и одбранил своите тези едно дете кое јадело јаболко се упатило кон неговата катедра.

– Професоре, јас имам едно прашање – рекло детето.
– Повелете, млад господине – рекол професорот со насмевка.
– Знаете ли каков вкус има јаболково што го јадам? – прашало детето и гризнало од јаболкото.
– Навистина не знам, треба да ја пробам за да знам – му одговорил професорот.
– Тогаш, професоре, ако вие не знаете каков вкус има јаболко кое не сте го вкусиле, од каде знаете каков е Бог Кого никогаш не сте Го вкусиле? – прашало и детето, а професорот посрамотен си заминал од салата.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz