Десет духовни совети за Петровденскиот пост

Христос - вистинска лоза

1. Луѓето честопати се однесуваат неразумно, нелогично и себично – сепак, простувај им.

2. Ако пројавиш добрина, а луѓето те обвинат дека глумиш добрина заради скриени цели – сепак, и понатаму труди се да бидеш добар.

3. Ако си успешен, ќе здобиеш многу „пријатели“ и искрени непријатели – сепак, труди се да бидеш успешен.

4. Ако си чесен и отворен, луѓето ќе се трудат да те излажат – сепак, биди чесен и отворен.

5. Тоа што со години го градиш, некој друг може да го сруши во еден час – сепак, продолжи да градиш.

6. Ако си среќен, другите можат да ги позавидат – сепак, биди среќен.

7. Доброто што некому ќе му го направиш денес утре може да биде заборавено – сепак, прави им добро на другите.

8. На другите давај им го најдоброто од себе, и пак нема да им биде доволно – сепак, продолжи да им го даваш најдоброто. На крајот на краиштата, сето тоа е меѓу Бога и тебе, а не меѓу тебе и другите.

9. Не е важно кој што зборува за тебе – сѐ прифаќај со насмевка и продолжи со својата работа.

10. Моли се заедно со другите и пребивај во единство.

Протојереј Игор Пчелинцев

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz