Деновите на Постот се тивко пристаниште

pokajanie

Се чита за создавањето, за првобитната состојба, за падот и ветувањето за спасение во Господа нашиот Исуса Христа. Внимавај и поучувај се! За тебе, сега е време на твојата обнова. Припадни кон Господа и Тој ќе ти подари светлина која ќе ја просвети твојата гревовна темнина, ќе постави основа за твоите колебливи мисли и желбите на твоето гревољубиво срце; добрата намера за цврсто и непоколебливо Нему да Му служиш, ќе ги основа копното и морето: на сè во тебе ќе му даде свое место. Тогаш ќе започнеш да раѓаш, на почетокот трева, зеленило и дрвја – зачетоци на добродетелите, а потоа и живи созданија – совршено духовни и богоугодни дела, додека на крајот во тебе не се обноват ликот и подобието Божјо, кои ги имаше на почетокот. Сето тоа Господ ќе ти го направи во овие шест дена на духовното работење на твојата побожност, доколку ги поминеш со внимание, страв Божји и скрушено срце.

Свети Теофан Затворник

Браќа и отци! Овие денови од светиот Пост во однос на другите денови може да се споредат со тивко пристаниште кон кое сите притекнуваат, и монаси и лаици, за да стекнат духовна тишинa, оти ова време е спасоносно за секого. Растат славословијата и песнопенијата, милостините и молитвите, со кои нашиот благ Бог се смилостивува и кон милосрдие се приклонува, ги смирува нашите души и ни подарува простување на гревовите, само ако искрено Му се обратиме, ако Му припаднеме со страв и трепет, ветувајќи дека ќе ги оставиме своите лоши навики.

Преподобен Теодор Студит

Оставете коментар

1 Comment on "Деновите на Постот се тивко пристаниште"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
wpDiscuz