Денот на слегувањето на Светиот Дух

Педесетница

Вчера Православната Црква го совршуваше празнувањето на торжествениот празник на Сесвета Троица, додека денес го празнува вториот дел од овој празник; денес Црквата Го прославува Сесветиот Божествен Дух, Кој слегна врз апостолите и ги исполни со духовни моќи. Во Шестопсалмието се молиме со овие зборови: „Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како безводна земја“ (Пс. 142, 6).

Замислете си земја којашто има добро семе но е безводна, така што семето се суши. Но, ако се појави вода, тие ќе из’ртат и ќе израстат. Истото се случува и со човекот: благодатта и силата на Божјиот Дух се потребни за човечката душа исто онолку колку што е потребна влажноста за семињата на растенијата. Без благодатта на Светиот Дух, сите добри почетоци што Господ грижливо ги засадил во нашите души ќе останат бесплодни, и од нив само трева ќе изникне.

Колку зло из’ртува во човечката душа денес, во нашите времиња! Никогаш порано немало толку многу разврат, и никогаш немало толку многу беззаконија како денес, и толку малку добри плодови! Сепак, како Христијани немаме основа да очајуваме, доколку живееме еден добар христијански живот. Секогаш да се молиме пред сè Господ, преку благодатта на Светиот Дух да нè посети и да ги исцели нашите души, за да станеме од оваа духовна зачмаеност и да дадеме добри плодови, кои Господ ги посеа и ги очекува од нас. Амин.

Митрополит Источко-Американски и Њујоршки, г. Филарет

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz