Денес Витанија го навестува воскресението на Христа Животодавецот…

Христе, Кој си воскресение и живот на луѓето, си застанал пред гробот на Лазара, утврдувајќи ни ја верата во Твоите две природи, о Долготрпелив, дека си дошол од Пречиста Дева, како Бог и човек. Оти, како човек си прашал: Каде го погребавте? А како Бог си го воскреснал четиридневниот, со Твојата заповед живоносна.

Лазара, умрениот во Витанија, си го воскреснал по четири дена. Штом дојде пред гробот, гласот му даде живот на умрениот. Адот, пак, од страв затрепери, и го отпушти. Големо е чудото, многумилостив Господи, слава Ти.

(хвалитни стихири од Утрената на Лазарева сабота)

Видео-репортажа од посетата на гробот на св. Лазар Четиридневен од страна на православни христијани и свештеници.

Ова е краток исечок од документарниот филм „Лазаре, излези надвор“ посветен на празнувањето на споменот на Воскресението Лазарево.

Оставете коментар

1 Comment on "Денес Витанија го навестува воскресението на Христа Животодавецот…"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
wpDiscuz