Децата богословат – возрасните молчат

Кога ќе се случи несреќа, знај дека Бог е во тебе. (Снежана)

Само заедницата ќе го спаси светот. (Теодора)

Не знам кој сум, додека не го видам Божјото Лице. (Теодора)

Љубовта е насекаде околу нас, но ние не кружиме околу неа. (Милица)

Кога Го исмејуваш Бога, се исмејуваш самиот себеси. (Анастасија)

Твојот живот е важен, но животот на другиот може да виде поважен. (Александра)

Животот без Бога е како да сте веќе мртви. (Димитриј)

Колку повеќе ропташ на животот, сѐ повеќе остануваш без мир. (Доротеа)

Колку повеќе зборуваш, толку помалку слушаш. (Катарина)

Животот е како глума, но понекогаш глумците немаат живот. (Ангелка)

Кога некој многу ќе ве изнервира, задржете го бесот во себе и продолжете да играте. (Ивана)

Мудроста доаѓа во тишина и мир (Доротеа)

Другиот живот зависи од овој. (Нина)

Телото е само предмет на твоето постоење, а верата и надежта го одржуваат. (Лазар)

Бог нема да дојде од исток, туку преку љубовта нa секој поединец. (Г. Д.)

И во добро, и во зло, мисли на Бога постојано. (Р. Л.)

Кој искрено се кае, нему добродетелта подолго му трае. (Божидар)

Џејмс Бонд не ги спасува луѓето, Бог ги спасува. (Немања)

Човекот не е човек без останатите луѓе. (Урош)

Потргни ја завесата и ќе Го видиш Бога. (Бранислав)

Позади дрвјата е природата, а позади небото – Бог. (Ѓорѓе)

Чувај го срцето да не се уништи. (Кристина)

Бог не може да се замени со ништо. (Кристина)

Не треба да се прават гревови. Затоа, на време да размислуваме. (Александра)

Биди добар, за еден ден Христос да дојде. (Петар)

Умот често го премолчува она што душата го мисли. (Т. Ј.)

Не хули на Бога поради твоите грешки. (Т. А.)

Добар е стравот кој ни го подарил Бог. (Ј. Б.)

Кога се двоумиме помеѓу доброто и лошото, секогаш постои сомнеж дека во доброто може да се најде некоја лоша идеја, која е споредна, но сепак остава силен впечаток, додека во лошото може да се најде по нешто добро. Правилна одлука е разумно да се размисли за правиот избор, на христијански начин, така што ќе се пронајдеме себеси и Бога во едно. (П. А.)

Оставете коментар

1 Comment on "Децата богословат – возрасните молчат"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

не е можно без Бога да се биде со Бога. односно, ако Бог не со нас, тогаш ние не можеме да направиме ништо добро.

wpDiscuz