Деца со аутизам во Црквата: Насоки (2)

Еве еден пример за социјална приказна, која може да се помине неколку пати дома пред детето да почне да ја посетува црквата:

Моето име е Џо. Јас сум член на Православната Црква. Јас сакам да одам во црква. Во црква јас можам да ги почитувам иконите. Можам да запалам свеќа. Можам да стојам на моето посебно место и да читам молитви од мојот молитвеник. Во црквата е важно да бидеме тивки. Тоа ми помага мене и на луѓето околу мене да се молиме. Кога правам врева во црква на другите луѓе им е потешко да ги чујат свештеникот и хорот. И на мене ми е потешко да ги чујам свештеникот и хорот. Важно е да ги држам рацете до моето тело. Кога ги држам рацете до моето тело, јас и другите околу мене сме побезбедни. Ова ги прави луѓето околу мене среќни. Ако сакам да направам пауза, можам да излезам надвор со некој повозрасен и да се вратам пак внатре кога ќе бидам подготвен да сум тивок и да ги држам рацете до моето тело.

Картичката (најчесто белешка) има слика од суперхерој или друга фигура/лик која му е позната на детето, како што е на пример Бетмен. Може да се чува во џебот на детето или родителот, за брзо и лесно потсетување.

Деца со аутизам во Црквата

Или други предлози:

Детето може да добие награда ако се однесува соодветно во црква. Пред да оди во црква, кажете му дека тој работи (бивајќи тивок и држејќи ги рацете до своето тело) на тоа да ја подаде или подржи кошницата (со помош на возрасен). Тоа може да го мотивира да се однесува како дел од црковната зедница.

Ако детето не може да стои за време на целата служба – што може да е причина ако детето станува агресивно во црква – родителите можат да му дадат картички за одмор, и да му кажат како да ги користи, се разбира пред да оди во црква. Во црква, кога на детето му треба одмор, може да му даде на родителот една картичка. На почеток, може да има 4-5 картички, за секоја по 3-4 минути. Ако однесувањето се подобри, бројот на картички и нивното времетраење постепено може да се намалува.

Сликовитиот распоред, може да му даде на детето претстава колку долга е службата и му овозможува на родителот да вметне паузи. Можат да се направат две колони на пластифицирана хартија, едната со наслов „Литургија“, а другата со наслов „Завршено“. На страната кадешто пишува „Литургија“ може да се прикачат, со лепило кое лесно се отстранува, последователни слики од настаните во Литургијата, како на пример отворањето на дверите на почетокот, ѓаконот или свештеникот како прави ектенија, Малиот Вход, читање на Апостолот, читање на Евангелието итн. Како што ќе се случува секој дел, детето може да ги преместува сликите на другата страна, кадешто пишува „Завршено“. Родителите можат да вметнат и мали паузи, на пример за време на малата ектенија или некоја подолга молитва. Бројот на паузи може да се намалува како што детето ќе може се подолго да остане во црква.

Родителите можат да ја прашаат учителката на нивното дете за некои методи кои се користат на училиште кои му помагаат на детето да е успешно во некои активности кои изискуваат способности слични на оние потребни во црквата.

Родителите можат да ја намалат употребата на зборови во црква со тоа што ќе направат картички, кои ќе му даваат на детето визуелни потсетувања. На мали сликички испечатете го следново: дете кое примерно седи, стои, со рацете во скутот и со прст на уста. Ставете го ова на голем прстен и користете ги како потсетници.

Некои деца со аутизам имаат сензорни потреби, кои треба да бидат задоволени за детето правилно да функционира во црквата. Родителите можат да се обратат кај терапевтот на детето за совет. На некои деца, корсет кој обезбедува доволно притисок, стегачи на рацете и нозете можат да им помогнат. Слушалките можат да му помогнат на детето да се справи со прегласни звуци, како на пример гласно или високо пеење.

За посериозни и потешки однесувања, родителите можат да користат „диференцијално поткрепување“ за несоодветно однесување. На пример, детето кое има вербални испади може да биде поткрепено со некое омилено јадење, на прмер парченце чоколадо, за секои 30 секунди кои ќе ги помине без да направи вербален испад. Доколку сепак направи испад, кога ќе завршат тие 30 секунди детето нема да го добие „поткрепувачот“ а новите 30 секунди започнуваат одново. Кога детето постојано ќе биде успешно, времето може да се наголеми на една минути, потоа на две итн. Ова може да се вежба во црква, кога нема служба, и добро би било кога времето би се наголемило до 30 минути пред детето да оди на служба.

Детето со аутизам може да биде радосен верник во една парохија, која се труди да го прифати и негува.

Варвара Захирски Сорока

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz