Деца со аутизам во Црквата: Насоки (1)

Следат неколку предлози кои можат да им помогнат на децата со аутизам, на нивните родители и на членовите на црковниот одбор, да го претворат учеството во Божествената Литургија во меѓусебно прифаќање и радост за сите.

За Црковниот одбор и клириците

Свештеникот може да зборува со парохијаните за благословот да се има дете со аутизам покрај себе за време на службата. Може да го предложи следново:

– Mоже да ги следите моментите на радост и ревност кај детето. Овие деца не страдаат од социјални нестабилности или од свеста дека другите ги гледаат. Нивната радост во Бога не е попречена од социјални конвенции.
– Имајте предвид дека детето може да изразува духовна радост преку врисоци.
– Бидете трпеливи, додека детето постепено учи како да биде дел од црковната заедница. За аутистичното дете е тешко да ја пронајде својата улога во многу групи, во коишто луѓето дејствуваат во животот, влучувајќи ја и црковната група.
– Не мислете дека детето со аутизам е „посебно“ и дека поради тоа не треба да ги знае очекувањата на групата. Оние кои работаат или се среќаваат со аутистични деца попрво треба да им помогнат да ги исполнат нивните улоги во заедницата, со некои прилагодувања, тогаш кога е потребно.

Бог, детски цртеж
Бог, детски цртеж

За децата

Секоја личност, а посебно децата со аутизам, пред да научат било што друго, мора да се научат на она што наставниците го нарекуваат „комуникативно однесување“. Ова однесување вклучува: да гледаат во луѓето, да ги слушаат, и да зборуваат со нив за она што се случува во моментот и да учествуваат на соодветен начин. Во Божествената Литургија, ова најпрвин значи да учествуваат во службата и да Му служат на Бога.

Еве неколку предлози кои можат да му помогнат на момчето (да речеме дека е машко) да научи да учествува во црквата. Сите овие предлози треба да се направат во согласност со парохискиот свештеник:

– Дозволете му на детето да ја посети црквата кога нема служба, и да го истражи секое ќоше и секоја пукнатина која е толку заносна, за да му помине желбата пред да дојде на богослужба.
– Одредете место во црквата само за детето, и подучувајте го за неговото посебно место, исто така кога нема богослужба. Местото може и да го обележите со нешто (перниче, селотејп, лента во боја).
– Кажете му на детето што може да прави, а не што не може: Кога одам во црква можам да пеам тивко со хорот, можам да седам или стојам исправено, можам тивко да се молам, можам да ги гледам свештениците и останатите сослужители, можам да забележам кога дверите ќе се отворат или затворат итн.
– Ако за одењето во црква се зборува како за најважно нешто во неделата, тогаш многу полесно ќе биде детето да се научи на соодветно однесување. Поставете одредени очекувања, и ако детето не ги исполнува тогаш нема да може да биде во црква, и ќе мора да излезе надвор. Ќе може да влезе тогаш кога ќе го исполни очекуваното однесување. Овие очекувања можат да се постават во социјална приказна или картичка.

Варвара Захирски Сорока
(продолжува)

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz