Дали светителите се безгрешни суперхерои?

Честопати може да слушнеме како луѓето велат дека светителите биле безгрешни суперхерои без ниту една дамка, но ова е многу погрешно.

Напротив. Луѓето кои се великодостојни и успешни според мерилата на овој свет изгледаат безгрешно. За секоја нивна грешка, за секој пад, тие се трудат да ги убедат другите дека тоа не е грешка, и не е пад. Одбиваат да ги прифатат нивните грешки, или да побараат прошка, за нивниот углед и слика што ја создале за себе да не бидат уништени. Тие се држат настрана од другите, за другите да не можат да ги погледнат одблизу.

Светителот, пак, ги нема овие стравови. Тој многу добро знае дека да се биде „светец“ не значи да се биде без грев и без пад, туку да се кае за сопствените гревови. Оттука, светиот човек не се срами да ги признае своите грешки, да побара прошка, или да го открие својот гревовен товар.

И, додека великаните на овој свет кријат многу нешта, светителот нема што да крие. И колку повеќе другите дознаваат за неговите падови, и го обвинуваат поради нив, светителот толку повеќе корист има: се смирува. Оттука, како Црква, ја препознаваме величественоста на таквите души, нивната автентичност.

од книгата Блажен хирург: Животот на св. Лука, Архиепископ Симфериополски

Архиѓакон Василиј Марушчак

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz