Дали Крстот е символ на смртта?

Крст

Ние крстот го нарекуваме Живоносен, бидејќи на крстот, Спасителот на светот ја уништи силата на смртта и ни го отрки патот кон вечен и блажен живот. „Крстот“ е символ на Божјиот дар, знак на духовно благородство, сокровиште – кое не може да се открадне, дар – кој не може да се земе, подлога за светост. Ние го носиме, и во кревет, и на трпеза, и секаде каде одиме. Како што многу војници не јадат и не спијат без оружје, така и ние сега носиме наместо меч – крст во кревет, наместо да чуваме потковица  (која е израз на суеверие) – крст, секој дом е опкружен со крст, наместо со празен ѕид, со него се заштитуваме и внатрешно, и надворешно. Тој ја победил смрттa, го отворил небото, ја направил земјата чиста, ја подигнал нашата природа на царски престол, ставил крај на демонската тиранија. Ликот на крстот е двоен: еден е материјален, а втор – нематеријален, бидејќи неговата суштина не е од материја, туку од вера, а неговиот материјал, пак, е израз на внатрешното расположение на оној што го прави крсниот знак (свети Јован Златоуст).

Јеромонах Јов Гумеров

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz