Дали христијаните можат да склопуваат брак со иноверни?

vencanie

Некаде прочитав дека на христијаните им е забрането да стапуваат во брак со иноверци. Зошто е тоа така, кога знаме дека во посланијата на свети апостол Павле отворено се зборува дека човек може да биде во брак со човек од друга вероисповед?

Одговор: Светото Писмо треба да го читаме внимателно. Свети апостол Павле никаде не зборува дека христијаниот може да стапи во брак со човек од друга вероисповед. Тој само ги забранува разводите. „А на женетите и мажените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, – ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја. А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, која не поверувала, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава; и ако некоја жена има маж, кој не поверувал, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.“ (1Кор. 7, 10-13).

Во апостолско време, кога имало многу покрстувања, често се случувале вакви работи: семејството било незнабожечко. Еден од сопружниците ќе станел христијанин. Другиот останувал незнабожец. Таквите, според зборовите на апостолот, не требале да се разведат. Апостолот се надевал дека преку плодовите на својот духовен живот, едниот од сопружниците ќе го приведе другиот кон вистинската вера.

„Жената е сврзана преку Законот, додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господа.“ (1Кор. 7, 39) Зборовите само во името на Господа, значат дека свети апостол Павле разрешува да се пристапи во брак само со христијанин.

Светите отци од Вселенските и Помесните собори во своите правила строго се држеле до Светото Писмо.

Свештеник Атанасиј Гумеров

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz