Дали е христијански да се протестира?

Литија

Оче, дали имаат некаков резултат протестите и различните иницијативи што ги прават христијаните?

Самата појава на христијаните е исповедање на верата. Некој може повеќе да помогне со молитва, но останатите, заради неговото молчење, може да кажат: „Тие и тие не протестираа, значи не се против нас, на наша страна се“. Ако, пак, некои не започнат да го критикуваат злото, односно, да ги изобличуваат тие што ги соблазнуваат верниците, тогаш злото ќе порасне. И така верниците се зацврстуваат, а на тие што војуваат против Црквата им се става кочница.

Затоа рамнодушните се за осуда.

Црквата не е јахта за крстарење, туку е Христов кораб. Затоа рамнодушните се за осудување. Таквите ги интересира само голема плата, луксузна кола, да одат по забави… Во исто време, останатите прават закони за луѓето да се женат преку граѓански брак, го озаконуваат абортусот… Се рабира дека Бог нема да стои настрана, но тоа е друго прашање. Истото е и со богохулните филмови кои Го исмеваат Христа. Ги прават, за после да кажат: „Еве, каков е Христос, а вистинскиот месија ќе биде друг“…

Оче, но луѓето веруваат во овие нешта и за жал не добиваат никаква корист, туку само штета!

Оштетениот добива голема штета. Верува, бидејќи сака да го оправда она за кое нема оправдување и да си ја успокои совеста. Со сите овие богохулства се обидуваат да ги оправдаат своите морални постапки. Со ова ги поминуваат сите граници. За филмот „Последното Христово искушение“ беше поднесена тужба, бидејќи е навреда за верата, но обвинителите одговориле: „Нема ништо страшно“. Вакви богохулења никогаш не постоеле!

За нас, протестот против тоа хулење беше исповедање на верата. Се разбира дека преку сите овие богохулства се случува и нешто добро: се одделува каколот од житото, луѓето се филтрираат.

Старец Паисиј Светогорец

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz