Да се победи злото со добро

од житието на св. праведен Алексеј Мечев, руски свештеник

Еден работен ден, по Литургија, кон отец Алексеј пристапи еден пијан, парталава човек. Беше растреперен, и речиси со мака прозборе: „Загинав, се препив. Душава ми исчезна… спаси ме, помогни ми… не се сеќавам кога последно бев трезен… не сум човек повеќе…“ Не обрнувајќи внимание на овие негови зборови и одвратен изглед, отецот му се приближи, радосно го погледна во очите, и го потапша по рамо: „Мил мој, време е да престанеме со пиење вино.“ – Но, помогни ми, драг батјушка, помоли се за мене, – му одговори човекот.

Отец Алексеј го зеде за рака и го доведе до амвонот; потоа влезе во олтарот, оставајќи го на самата солеа. Ги отвори дверите, и започна да служи молебен, објавувајќи со громок глас: „Благословен е нашиот Бог…“. Потоа го зеде нечисткиот парталко и двајцата застанаа на самиот влез од олтарот. Паѓајќи на колена, започна усрдно и со солзи да се моли на Господа. И парталкото се го следеше во сите движења; правејќи земни поклони, речиси целото тело му се гледаше под искинатите и нечисти партали. На крајот од молебениот, отец Алексеј трипати го прекрсти, му даде една просфора, и трипати го целиваше.

О. Алексеј Мечев

Не долго потоа, еден среден човек дојде во црквата. Купувајќи свеќа, праша каде може да го најде свештеникот. Кога дозна дека отецот е тука, радосно воскликна и замоли да му пренесат дека сака да се отслужи благодарствен молебен. Излегувајќи од олтарот, батјушка извика: „Василиј, ти ли си тоа?“ Поранешниот пијаница липтајќи се фрли под неговите нозе, а о. Алексеј го започна молебенот, благодарејќи Му на Бога за сè.

+ + +

Другпат, за време на утрената богослужба, во црквата влезе толпа разјарени студенти. Батјушка беше во олтарот, но можеше да ги слушне како гласно разговараат и пеат. По неколку мигови, дури ни Шестопсалмието не беше завршено, тие се втурнаа во олтарот, каде ги пречека о. Алексеј со зборовите: „Колку е добро да се види како млади луѓе денот го започнуваат со молитва… Дојдовте да се помолите за вашите упокоени родители, така?“ Изненадени од ваквиот неочекуван срдечен однос, младите се збунија и пропелтечеа: „Дддаа….“.

 

На крајот од утрената, о. Алексеј се обрати кон насобраните млади луѓе, потсетувајќи ги на нивните родители кои ги љубеле, кои се надевале на нивната помош… Зборуваше од срцето, толку искрено и љубовно, што дел од нив започнаа да плачат; потоа, некои си заминаа, а другите останаа да се молат на Литургија, се зближија со него, и подоцна станаа дури и негови духовни чеда. Дури тогаш му исповедаа дека всушност, во олтарот се втрчале за да го претепаат.

+ + +

Св. праведен Алексеј, моли Го Бога за нас.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz