Да ги бараме вистинските причини

Има една многу интересна книга напишана по времето на авва Доротеј, од свети Григориј од Тур – „Историја на Франките“. Во неа се раскажува за животот на кралскиот двор и за христијаните од тоа време. Наброени се многу интересни житија на светители, како и описи на кралскиот живот. Тогашните монарси во никој случај не можат да се посочат како пример за добродетелност. Постојано се труеле едни со други. Жените биле уште позлобни… Постоела некоја Бронхилда, која со сестра ѝ Фредегунда ги местеле нивните синови и внуци за да ги постават на престол. Што сè не правеле за тоа! Ги убивале луѓето на најжесток начин, биле монструозни клеветници и биле способни да сплетат фантастични приказни поплочени со лаги и измами – без грам вистина. Но, во истото време живеел и свети Григориј, кој, за разлика од нив, не се служел со лаги кога ја пишувал историјата на својот народ.

Позади секоја појава во светот лежи некакво „значење“. Свети Григориј постојано набљудувал комети, земјотреси и други слични појави. Кога кралот ќе направел нешто лошо – имало земјотрес; ако убиел човек, или неправедно накажал цело село – настапувало глад; и свети Григориј забележал дека Бог сè гледа, а зад сите појави ја подвлекувал духовната смисла – било да е тоа комета, смрт на кралот и сл. Тој секогаш ја гледал врската помеѓу тоа што се случувало во светот со моралната состојба на народот. Кога моралната состојба на луѓето е лоша, тогаш земјотресите, гладот и слично, се опомена дека не се на правилниот пат и тоа е шанса за да се замислат за тоа.

[pull_quote_left]Позади секоја појава во светот лежи некакво „значење“.[/pull_quote_left]Во денешно време, исоричарите велат дека таквиот начин на мислење е застарен, наивен и плиток. Но, јасно е дека во наше време никој не сака да размислува така. Тие сметаат дека е многу интересно и полезно да го набљудуваат минатото низ призмата на нашето време и да го толкуваат тогашното сфаќање на луѓето за светот. „Се подразбира“ – велат тие, „дека ние како сериозни научници, треба да ги гледаме вистинските причини“. Под вистински причини тие го подразбираат следново: што јаде човекот и како се одразува храната на неговиот живот. Од христијанска гледна точка, ова е второстепено, а не вистинска причина. Вистинските причини се: односот на душата кон Бога; Божјото дејствување и дејствувањето на душата. Овие два фактори ја сочинуваат историјата. Сите останати надворешни фактори (каков договор бил потпишан, економските причини за незадоволството на масата итн.) се апсолутно второстепени. Навистина, ако погледнеме во современата историја, во целото револуционерно движење, ни станува јасно дека негов двигател не е економскиот фактор, туку идејата за создавање рај на земјата. Штом таквата идеја влезе во душата, се случува нешто неверојатно, зашто тоа е духовен фактор. Дури и таа идеја да е од ѓаволот, таа се однесува кон сферата на духовното, а токму таму се креира историјата; надворешните фактори, на крајот на краиштата, не значат ништо.

Свети Григориј на историјата гледа од правилна гледна точка, бидејќи ја знае првичната причина т.е дека Бог делува во светската историја и дека душата одговара на тоа делување; видливите работи за него се секундарна причина. Ете зошто, кога тој гледа некоја значајна појава (комета, или затемнување), тој се обидува да го разоткрие нејзиното значење. На едно место, кога раскажува за чудните појави врз небото над Франција, тој просто вели: „Апсолутно не разбирам што значи тоа“. Се разбира дека од научна гледна точка, ние знаеме дека некои од појавите се предизвикани од сенката на месечината и сл, но од гледна точка на свети Григориј тоа звучи вака: „зошто Бог решил да нѐ плаши на тој начин? Какво е моралното значење на тоа?“.

Свети Григориј гледа постојано нагоре, а не надолу.

Јеромонах Серафим Роуз

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz