Да бидеме луѓе

Можеби најпознатата поука на блаженоупокоениот Патријарх Павле е таа дека треба да бидеме луѓе. Во една прилика, запрашан како православните христијани да го исполнат нивниот потенцијал кон којшто се повикани – да станат светители – смирениот Патријарх одговорил: „Прво да бидеме луѓе, па дури потоа ќе мислиме како да станеме светители“. Навистина, поразува тоа што повеќето од нас, кои се именуваме со името Христово, најчесто се однесуваме во спротивност со самото човечко достоинство што го носиме, и живееме и се однесуваме како диви животни (затоа што домашните животни сепак се припитомени и знаат да се однесуваат благородно).

Можеби таква била идејата и на режисерот на овогодинешната божикна реклама на Амазон. На неа гледаме двајца повозрасни мажи, едниот – пастор, а другиот – имам, кои гледајќи ги неволјите на ближниот, се решаваат да му подарат подарок за кој сметаат дека барем малку ќе му го олесни секојдневнието. На крајот, и двајцата се радуваат на плодот што го носи љубовта и почитувањето, и секој посебно му благодари на својот бог за тоа.

Ревнувајќи за некаква правда и некакви права и слободи, дали заборавивме да бидеме луѓе?

Добар маркетиншки трик, нема што – но, сепак, пораката што е пренесена во него е за поздравување.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz