Чудото на св. Јован Крстител

preteca

онака како што старец Хрисант Дионисијатски кажуваше во 1940 година

Минатата година (1939) бев одоговорен во магерницата. Се приближуваше славата на Чесниот Претеча, за време на која правевме мала прослава. Денот пред навечерието на празникот ги преброив лебовите, и имаше вкупно 250 лебови. Со нив требаше да поставам четири трпези, знаејќи дека секое послужување се трошат околу 70-80 лебови. Дополнително, на празникот на Чесниот Претеча на поклониците требаше да им дадам по еден или два леба како благослов.

Откако внимателно ги преброив лебовите сфатив дека нема да имаме доволно. Појдов кон старецот, и му кажав дека лебовите нема да стигнат, и дека утредента (денот пред славата) требаше да замесиме. Старецот, некако расеано ми рече: „Не, не, нема да замесуваме“.

– Но старче, лебот нема ниту нам да ни стигне, а и ќе се посрамиме пред гостите, ќе немаме леб за славата на Чесниот Претеча.

Меѓутоа, тој ми одговори: „Ќе се снајдеме“.

Немав што да правам. За да не се карам, си заминав натажен и потресен. Појдов до магерница и ги поделив лебовите во две кошници. Во едната ставив 150, и 100 во другата. Ова го сторив петокот наутро. За саботата навечер се мислев да навлажан сув леб, за да се снајдам некако.

Петокот и саботата наутро, за двата ручека, ги потрошивме 150-те лебови што ги ставив во првата кошница. Кога заврши трпезата во саботата наутро, ја зедов испразнетата кошница и ја однесов во просторијата каде што го чувавме сувиот леб и ракијата. Беа останале само 100 лебови и нив ги чував за утрешниот празник.

Во саботата навечер појдов во просторијата со сувиот леб за да земам од него и да го намокрам, како што претходно решив, и о, какво чудо, О Пречесен Претечо! Ја видов испразнетата кошничка, којашто утрото ја оставив таму, полна со свеж леб. Ги протрив очите. Можеби се работеше за ѓаволска прелест? Можеби не гледав добро? Но, во оваа кошничка ги гледав лебовите кои се потрошија минатите два дена! Што е ова? Но, што е ова? Ова е чудо на Пречесниот Претеча.

Дотрчав до мојот старец со радост, и му ја кажав целата приказна, молејќи го да дојде и тој да го види чудото. Тој дојде, го потврди чудото, и двајцата му се заблагодаривме на Чесниот Претеча. Следниот ден ги гледав подвижниците и поклониците како земаат не еден, туку по пет или шест лебови, објавувајќи им го на сите чудото на Светиот Претеча.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz