Чудо: Ново појавување на Богородица на Света Гора

Богородица, игуманија

Г. Панајотис пошол на Света Гора и бил примен од отците во свештениот и велик манастир Ватопед. Неделата, 26 октомври 2014г. тој упорно барал од отците да го одведат да се исповеда, но тие му кажале дека следното утро, понеделник, ќе го одведат.

Следното утро, 27 октомври, во 4 часот, штом започнала Утрената, тој влегол во црквата, и откако ги целивал иконите, седнал. Во црквата имало и други луѓе. Тој седнал на една од стасидиите; покрај него, исто така, седнал некој човек, а од другата страна, седиштето било празно.

Трпеливо чекал, но не дошол монахот којшто требало да го одведе за да се исповеда. Околу 4:20 се завртел кон претходно празното место, и видел дека на него седната една монахиња. Таа му пришла и му рекла: „Почекај, сѐ ќе биде во ред, ќе се исповедаш; не грижи се, туку почекај.“ Тој си помислил дека можеби во поголемите светогорски манастири има и монахињи за да им помогнат во црквата.

Поминало некое време, и нестрпливиот човек си помислел да стане да побара некого кој ќе го одведе на исповед. Веќе било 4:45, и само што зачекорил да стане, му пришла истата монахиња која благо го поттурнала на рамењата за да се врати каде што седел, велејќи му: „Ти реков да имаш малку трпение и да почекаш. Шестопсалмието привршува, и еден монах ќе дојде за да те одведе кај еден исповедник за да се исповедаш.“

И навистина: две минути подоцна дошол еден монах и го испратил на исповед. Г. Панајотис не му рекол ништо на монахот, затоа што не сакал да изгледа сомнително.

Штом пристигнал кај исповедникот, откако малку позбореле, г. Панајотис му рекол: „За среќа имате и монахиња овде, која ме охрабри да бидам трпелив, така што почекав.“

– Која монахиња, о благословен? Ние немаме монахињи тука. Ова е Света Гора. Жените немаат дозвола да доаѓаат овде, дури ни монахињи!

– Е, како, кога двапати зборував со неа?

– Си зборувал со нашата Пресвета, но не си го сфатил тоа, дете мое.

Свештеникот го замолил да ја опише, и г. Панајотис рекол: „Беше висока, имаше околу 30-35 години, и беше многу убава!“

Извор: Αγιος Νεκτάριος επίσκοπος Πενταπόλεως ο θαυματουργός

Оставете коментар

2 Comments on "Чудо: Ново појавување на Богородица на Света Гора"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Шизофреничар.

[…] Чудо: Ново појавување на Богородица на Света Гора […]

wpDiscuz