На фреска во Црна Гора: Тито, Маркс и Енгелс насликани во пеколот

Воскресенскиот храм во Подгорица предизвика контроверзи во јавноста откако на неговиот ѕид беше откриена фреска на која е претставен поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито како гори во пеколот заедно со Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Покрај нив, прикажани се и мноштво грешни владици, свештеници и цареви.

Оваа новоизградена црква на Воскресението е лоцирана во Подгорица и е жестоко критикувана поради својот раскошен ентериер.

Критичарите велат дека црквата не треба да се меша со политика. Авторот на фреската, Милош Јониќиевиќ, изјави дека „сликите се персонификација на гревот и не може да говори за имиња“.

Делата на филозофите Маркс и Енгелс беа задолжителна литература во времето кога Црна Гора беше дел од комунистичка Југославија.

Еден црковен водач именуван само како Драган, за АФП изјавил дека „Маркс, Енгелс и Тито се персонификација на комунистичкото зло на Балканот” и дека „на уметникот му е дозволена уметничка слобода и гледање на работите како што тој сака”.

Посетителите во црквата имаат поделени мислења за тоа дали фреската треба да остане.

Извор: Канал5

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz