За црковниот политички конформизам

Се појавува и друго, слично прашање. Тоа што се случуваше во долгите години кога Црквата беше гонета е јасно; дали тој период е завршен не можеме да знаеме, но барем сега, во ова време на промени, Црквата доби малку поинаков статус. Но, зарем не крие во тоа една нова опасност од истиот вид? Зарем не е исполнета, дури и повеќе од ограничена, слободата со таквиот неблагопријатен равој на взаемните односи на Црквата со државата?

Политичкиот конформизам е болест на Руската Црква одамна. Уште до револуцијата Црквата и државата претставувале една хармонија, којашто не секогаш била радосна за Црквата. После револуцијата, Црквата замолкна. Во периодот на угнетување и крајни гонења, никому не му доаѓало на ум политички да се искажува. И за тоа, да се научи човек да размислува политички, да зборува политички однатре од Црквата, потребна е долга, поточно, продлабочена образованост.

Црквата не може да принадлежи на никоја партија, но истовремено, таа не е беспартиска или надпартиска. Таа треба да биде глас на совеста просветлена со Божјата светлина. Во идеалната држава, Црквата треба да биде во можност да ѝ зборува на секоја партија, на секоја струја: „тоа и тоа е достојно за човека и Бога, а тоа и тоа – не е достојно за човека и Бога“.

Секако, тоа може да го прави од две состојби: или од состојба на сила, или од состојба на самоопределена беспомошност. И тука мислам, односно длабоко сум убеден дека Црквата никогаш не треба да зборува од позиција на сила. Таа не треба да биде една од силите кои дејствуваат во оваа или друга држава, туку таа треба да биде онолку бессилна, колку што е и Бог бессилен, Кој што не нè присилува, Кој само призива и ја открива убавината и вистината на работите, но Кој не ги наметнува, туку како нашата совест, само ни ја поткажува правдата, оставајќи нѐ слободни да се прислушаме до вистината и убавината, или да се откажеме од нив. Имено, јас мислам дека Црквата треба да биде токму таква; ако Црквата зазема состојба на една од организациите која ја има власта, која има можности да принуди или да ги насочи настаните, секогаш постои ризикот дека таа ќе посака да владее. А штом Црквата ќе започне да владее, таа ја губи најдлабоката суштина – љубовта Божја, разбирањето на тие кои треба да ги спасува, а не да ги крши и преправа.

Митрополит Антониј Сурожски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz