Црковна свадбена ноќ

Воскресение

О, ноќ појасна од денот,
О, ноќ посветла од сонцето,
О, ноќ побела од снегот,
Давајќи ни светлина повеќе од нашите факли,
послатка од Рајот!
О, ноќ која за темнина не знае,
одгонувајќи ни го сонот,
ни помагаш ангели да зеркаме.
О, ноќ, страву за демоните,
Пасхална ноќ, чекана во годината!
Црковна свадбена ноќ
која живот дава на новопросветлените
и безопасна ја прави демонската зачмаеност.
Ноќ во која Наследникот
во вечноста ги воведува сонаследниците.

Астериј, епископ Амасиски
19 омилија на 5-от псалм

Астериј (грч. Αστέριος = ѕвезден) бил адвокат, проповедник, а потоа и епископ во Амасија Понтиска, помлад современик на св. Амфилохиј Икониски и св. Јован Златоуст.

Оставете коментар

2 Comments on "Црковна свадбена ноќ"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Црковна свадбена ноќ […]

[…] Црковна свадбена ноќ […]

wpDiscuz