Човекот што го избра својот крст

Си живеел еднаш еден човек, и му се чинело дека неговиот живот е многу тежок. Еден ден, пошол кај Бога за да му се пожали на своите несреќи, и Го замолил:

– Може ли, Господе, да изберам друг крст за себе?

Бог го погледнал човекот, му се насмевнал, го одвел до една соба во која се наоѓале разни крстови, и му рекол: „Повели, избери!“

Човекот се зачудил: „Види колку многу крстови има тука! Колку различни… И мали, и големи, и средни, и тешки, и лесни.“ Човекот долго време претражувал по собата со надеж дека ќе си најде крст каков што му одговара. На крајот, сепак нашол еден што целосно му одговарал, па го зел, се доближил до Бога, и Му рекол:

– Боже, може ли да го земам овој?

– Може, му одговорил Бог. – Тоа и беше твојот крст што сакаше да го смениш.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz