Човекот е мост меѓу земјата и небесата

„И виде Бог дека е добро“. Човекот бил создаден слободен поради љубовта. Тој е врска меѓу Создателот и созданието. Неговите стапала се на земјата, а неговото срце е насочено кон небесата. Тој е и тело и дух, и откриен и скриен.

Свети Иринеј вели: „Бог го создаде човекот за да го дарува со чудесни дарови“. Создавањето е љубовен чин, што се случува поради заедничарење, разменување и приврзување. А овој двиг очекува или прифаќање, или одбивање.

И затоа, човекот бил создаден за да учествува во божествената љубов. Современата цивилизација го одбива заедничарењето со Бога, затоа што се користи со созданието без притоа да си спомне за Создателот, што пак се гледа во фактот што современиот човек го одбива Другиот.

Одбивањето на бесмртноста прави човекот да трага по среќата преку овоземните блага. Неговиот грев е тоа што тој ја промашува целта: ова е изворот на човечката трагика.

Кога човекот го отвора своето срце за Бога, несоздадените божествени енергии го проголтуваат одвнатре и го менуваат неговото битие без притоа да ја променат неговата природа, како што железо вжештено на оган поцрвенува и сјае: тоа е слика на обожувањето. Човекот го прифаќа заедничарењето во Бога без да стане бог по природа.

Христијанскиот Исток отсекогаш гледал на созданието созерцувајќи и славословејќи. Христијанскиот Запад претпочитал да го консумира (созданието). Ова е сржта на историјата на науката.

Западот, почнувајќи од вториот милениум, се насочил себеси кон технолошки активности, кои пак причиниле тој да копнее по „созданието повеќе отколку по Создателот“.

„Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сé си создал премудро.“

Од почетокот, човекот има не само телесно, туку и духовни очи што му помагаат да го сфати значењето на символите во Божјите созданија.

Сето ова не го негира значењето на материјата, материјалноста на природата, туку нè повикува да гледаме на неа и да се справуваме со неа од друг агол.

Бог е секогаш присутен во сето создание. „Насекаде и сè исполнува“. Современите научници сфатија, преку истражувањето на атомите, дека сите нешта се поврзани едни со други.

Човекот е микрокосмос. Тој е мост меѓу земјата и небесата, една љубовта порака. Самата љубов нè води кон слободата. Ако човекот е собран, тој е способен да го собере и созданието, принесувајќи Му го на Создателот. Ова го прави преку благодарењето за сите дарови во кои ужива. Со смирение ја признава дарежливоста на Создателот.

Ако човекот се радува на благодарењето и смирението, тој се уподобува на ликот Божји, станува свештеник на созданието, сè принесувајќи Му на Бога, вклучително и природата. За возврат, Бог му дарува радост и светост.

„Твое од Твоите, Тебе Ти принесуваме, од сите и за сè.“

Митрополит Ефрем Киријакос

Оставете коментар

1 Comment on "Човекот е мост меѓу земјата и небесата"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Каде Ти сакаш, Семоќен Боже мој , таму се победуваат и законите на природата. Молим Те Господи победи ја гревовната природа која живее во мене , и нејзината сила што ме влече кон грев , оти Ти си Творец на се` и Создател на светот. Со твојата божествена благодат дух прав обнови во мене , не ме отврлај од Твоето лице и Духот Твој Свет не одземај го од мене.

wpDiscuz