Чудо во Романија: Течат солзи од портретот на отец Арсениј Бока

Навистина, јеромонахот Арсениј Бока е вистински чудотворец – убедени се мештаните од областа Васлуј во Романија. Порталот Православна Молдавија ги пренесува нивните изјави заедно со веста за дека неговиот портрет од манастирот Прислоп „плаче“. Луѓето го сведочат ова чудо и усрдно се молат.

Дали се работи за добар или лош „знак“ – мислењата се различни, но повеќето верници веруваат дека светителот плаче поради нашите гревови.

Луѓето стојат во ред за да се поклонат на портретот – икона, но не во Прислоп, каде што се упокоил отец Арсениј, туку токму во Пушкаши, каде еден жител купил репродукција на портретот. Иконата ја поставил во капелата пред неговиот дом на Ѓурѓовден, пред распетието Христово.

– Ѝ реков на мојата сосетка дека левото око од иконата што ја донесе Клавдиј плаче, дека од него тече солза… Не зборував со никого, затоа што знаев дека нема да ми веруваат – раскажува една мештанка. Друга се надоврзува: „Во моите седумдесет години немам видено вакво нешто.“ Трета, пак, раскажува дека не им верувала на гласините сè додека со свои очи не се уверила.

Народот смета дека треба да се оддаде на пост и молитва, дека преку ова чудо Бог им испраќа некаква вест. „Сега нашиот Отец небесен укажува на тоа дека луѓето станаа лоши“, убеден е еден верник.

+ + +

Отец Арсениј е еден од најпознатите романски духовници на 20 век, близок соработник на отец Думитру Станилое. Неговото прогонство под власта на безбожниот режим започнало од 1945 година. Бил затворен во логорот на каналот „Дунав – Црно Море“, но и во најозогласените затвори – Жилава и Ораѓа. Потоа бил префрлен во манастирот Прислоп, од каде што подоцна бил исфрлен. Останатите 30 години од својот живот ги поминал сликајќи ги црквите низ Романија, под строг надзор од безбедносните служби. На 28 ноември 1989 година многустрадалниот отец Арсениј Му ја предал својата душа на Бога.

+ + +

Некои од изреките на св. маченик Арсениј Бока:

Животот ни е од Бог: со Него живееме, се движиме и постоиме (Дела 17, 28). Односно Бог е извор, заштита, предназначеност на нашиот живот. Ако живееме во согласност со Него, тогаш имаме живот, загарантиран од страна на Бог, а ако не Го следиме и нашиот живот го трошиме на секакви беззаконија и гадости, поради кои и душата и телото ни стануваат опседнати, тогаш Бог – поради нашите гревови – се оттргнува од нашиот живот. Но Он сепак не се одвојува од нас веднаш после гревовите, туку некое време ја трпи човековата заблуда на Својот помлад син, повикувајќи го на сите можни начини…

Мерата на љубовта кон непријателите мора да ја достигнат сите христијани што сакаат да се спасат.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz