Спасувај се како срна од стапица

efrem-velikoposna-molitva

Не им давај сон на очите твои и дремка на клепките свои, спасувај се како срна од стапица и како птица од мрежа. (Изреки 6,4-5). Ова правило е должен како кормило да го прифати секој оној кој во срцето свое и пред Бога решил да живее според Неговите заповеди. Тој не треба да им даде сон на очите свои – секако, не на надворешните, туку на внатрешните, т.е. на очите на умот, за тие непрестано да гледаат на срцето и внимателно да набљудуваат што се случува во него, давајќи му можност на ревнителот да ги препознае ѓаволските замки и да ги избегнува нивните опасности. Сега срцето станува поле за битка со непријателот, кој таму го сее своето семе, што се одразува и на помислите. Иако не секогаш се нечисти на очигледен начин, тие сепак во поголемиот дел се прикриени со привидна добрина и исправност. А синџирот на сите помисли е вешто соплетена замка. Кој им допушти да се развиваат без внимание, не може, а да не биде заврзан од нив, ниту да ја избегне опасноста од падот.

Ете поради што, брату, треба да го чуваш окото на твојот ум внимателно за сето она што се случува во тебе и околу тебе. Гледај и испитувај што ти предлага твојот неотстаплив советник од левата страна и расудувај поради што ти го предложува тоа, кон што тоа те води, и никогаш нема да западнеш во неговите замки. Сепак, не заборавај дека самото внимание е недоволно, туку дека тоа треба да се здружи со трезвеноумието, бодроста и непрестаната молитва кон Господа. Поврзи го сето тоа и ќе биде неуловлив.

Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

1 Comment on "Спасувај се како срна од стапица"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Спасувај се како срна од стапица (четврток од втората с… […]

wpDiscuz