Брацо и секуларноста

Брацо

Кога на почетокот од новата година пробиштипските ученици присуствуваа на Божествена Литургија, целата македонска јавност го крена гласот против, како што се велеше, нарушувањето на секуларноста загарантирана со Уставот на Република Македонија. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека во Скопје, во просториите на Градежниот факултет при УКИМ бил организиран спиритуалистички настан опишан како „поглед во живо“ со познатиот балкански „исцелител“ Брацо. Доколку е вистина, нè интересира дали се знае кој го организирал и кој го одобрил одржувањето на овој параверски настан? И каде се да реагираат загрижените чувари на уставниот поредок во државава?

Како што е кажано во Старечникот: „Проблемот со луѓето кои не веруваат во Бога не е во тоа што не веруваат во Него, туку во тоа што почнуваат да веруваат во сè и сешто.“

Оставете коментар

1 Comment on "Брацо и секуларноста"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Влез слободен + цвеќе… (!?) М-хм.
Да не доаѓаат малолетни лица и бремени жени…
Значи, самиот си кажува дека е опасен по живот!

wpDiscuz