Бракот преобразува

Постојат два облика на христијанско живеење: монашки живот и брак. Третата состојба, девственост во светот е екстремно опасна, преполна со искушенија и над силата на најголем број од луѓето. Згора на тоа, оние кои се придржуваат на оваа состојба претставуваат исто така опасност за луѓето околу нив: аурата и убавината на девственоста лишена од директно религиско значење на извесен начин стануваат „свадбени перја“, применуваат моќна привлечност и пробудуваат не-просветувачки емоции.

Бракот преобразува

Бракот е откровение и тајна. Во него го гледаме целосното преобликување на човечкото битие, проширување на неговата личност, свеж поглед, нова перцепција на животот, односно повторно раѓање во светот во нова полнота.
Нашиот модерен индивидуализам создава особени тешкотии во брачниот живот. За да ги надминеме, неопходен е свесен труд од страна на двете страни со цел да го надградиме бракот и да го направиме „чекорење во Божјо присуство“ (самата Црква обезбедува целосно и правилно решение за сите проблеми). И има уште нешто, нешто што може да се чини наједноставно од сѐ, но кое сепак е најтешко остварливо – цврста намера да се дозволи секој брачен партнер да го сочува своето соодветно место во бракот – сопругата сокрушено да го заземе второто место, а сопругот да го земе бремето и одговорноста да биде главата. Доколку се присутни таа цврста намера и желба, Бог секогаш ќе ни помага да го следиме тој тежок пат, патот на мачеништво – затоа во текот на свадбената процесија се пее химната на „Светите маченици“ – но исто така и пат на живот, пат кој ја принесува најинтензивната радост.

Бракот, телесната љубов, е исклучително голема Света тајна. Низ бракот се постигнува највистинитата и истовремено најтаинствената од сите можни облици на човечки односи. И квалитативно, бракот ни овозможува да преминеме над сите нормални правила на човечкото однесување и да навлеземе во пределот на чудесното, надчовечкото.

Во телесната љубов, покрај нејзината интрисична љубов како таква, Бог на светот му подари учество во Неговата семоќност: човекот создава човек, нова душа бива приведена во постоење.

Целосна димензија на животот

Човекот влегува длабоко во структурата на светот единствено преку своето семејство.

Ниту мажот, (а уште помалку) жената, не поседуваат апсолутна моќ над својот партнер во бракот. Присилата која се применува над волјата на другиот – дури и во името на љубовта – ја убива самата љубов. Затоа се поставува прашањето: мора ли човек да се подложи на принудување ако тоа го загрозува она што му е најсвето? Безброј несреќни бракови се резултат токму на тоа – секој партнер се смета себеси за сопственик на љубениот. Тоа е причината за речиси сите тешкотии на брачниот живот. Поголемата мудрост во бракот се согледува во давањето апсолутна слобода на личноста која ја љубите: оти нашиот, човечки брак, е копија на небесниот брак помеѓу Христа и Црквата, брак во кој постои апсолутна слобода.

Жената е наречена „послабиот сад“. Таа „слабост“ се состои особено во нејзината заробеност во природните, елементарни сили во неа и вон неа. Резултатот на таа заробеност е недоволна самоконтрола, неодговорност, страсност, слепост во просудувањето. Ретко некоја жена да е слободна од тие недостатоци; таа е секогаш роб на своите страсти, на она што ѝ е одбивно, на она што го посакува. Единствено во христијанството жената е еднаква со мажот, во христијанството таа го потчинува својот темперамент во полза на повисоките принципи, па на тој начин добива умереност, трпение, способност да размислува рационално, мудрост. Тогаш станува можно другарувањето со сопругот.

Колку е тажно и нецелосно моминството, и каква полнота на живот има во женственоста! Никаква љубовна врска не може да го замени бракот. Во љубовните врски луѓето се гледаат во својот сјај и цут, а сепак се сами: љубовната врска проектира измамувачка, усилена слика на стварноста, животот на обата љубовници неизбежно е поза, иако опростлива и невина.

Единствено во бракот луѓето можат да се познаат целосно – чудото на чувствување, допирање, трагање по личноста на другиот – сето тоа е подеднакво прекрасно и уникатно како и таинственото спознавање на Бога. Поради тоа пред бракот човек лебди над животот, набљудувајќи го однадвор; единствено во бракот се внурнува во животот, влегува во животот преку личноста на другиот. Таа радост во вистинското знаење и вистински живот ни дава чувство на остварена полнота и задоволство кое нѐ прави побогати и помудри.

Отец Александар Елчанинов
Извор: Брак – Православна перспектива, презвитер Јован Маендорф
Издавач: СПЕ, 2012

Оставете коментар

1 Comment on "Бракот преобразува"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Interesen osvrt. No sto e so brakovite kade ne e ispolneta iskrena ljubov megu sebe, nemanje na custvo za bliskost so drugiot. Kade stradanjeto, solzite i custvoto na osamenost na edniot ne se videni ni pretpostaveni od drugiot. Ednostavno se nema realno custvo sa sostojbata na drugiot a i nedozvoluvanje da se napravi cekorot na bliskost kako sto treba i sto e ugodna na covek vo brak. I pokazuvanjeto na taa slaba sostojba, prosto receno potreba za intima i ljubov od srce predizvikuva samo gnev i razdrzlivost poveke kaj drugiot. Dali toa e stradanje za storeni prethodni grevovi? Dali trpenieto… Read more »
wpDiscuz