Божикен пост

На 28 ноември (40 дена пред Божик) започнува Божикниот пост, наречен и Филипов. Тука о. Стефан Фримен нуди негов увид за целта на постот. Истовремено, уредниците на Агапи ви посакуваат добри, и со Христа исполнети пости.

+ + +

Постењето не е многу живоприсутно во христијанскиот свет. Поголемиот дел од тој свет одамна ја има изгубено живата врска со историските сеќавања на христијанскиот пост. Без патеводителството на Преданието, многу современи Христијани или воопшто не постат, или постојано се трудат да изнајдат нови начини на постење, кои некогаш имаат несакани последници.

Постојат некои сегменти од христијанството кои имаат малечки остатоци од преданскиот христијански пост, но пред лицето на современиот свет преданискиот пост е редуциран на релативно тривијални дела на себеодрекување.

Неодамна прочитав (иако не можам да се сетам каде точно) дека отфрлувањето на исихазмот се смета за извор на сите ереси. Со понетехнички зборови може да кажеме дека вистинското познавање на Бога, учеството во Неговиот живот, заедницата со Него во смирение, молитва, љубов кон непријателите и покајание пред сè и за сè, е целта на христијанскиот живот. Исихазмот (од грчки исихиа = безмолвие, молк, тишина) е терминот кој во православното предание се користи за непрекинатата внатресрдечна молитва.

Постот како Лествица
Постот како Лествица

Но, сите подвизи се неправилно сфатени доколку се одделени од познанието на Бога и учеството во Неговиот живот, заедничарењето со Него во смирение, молитва, љубов кон непријателите и покајанието пред сè и за сè.

И ист е патот [што води] кон внатрешното познание на Бога (со сите негови својства), што води и кон правилното разбирање на постот. Доколку постиме, а не им проштеваме на нашите непријатели – нашето постење е бесцелно. Доколку нашето постење не нè прави посвесни за фактот дека сме грешни пред сите и сè и одговорни за сите и сè – нашиот пост не ни користи. Доколку нашето постење не нè соединува со животот Божји – кој е кроток и смирен – повторно, од постот немаме корист.

Постот не е диета. Постот не е христијанска верзија на кошер [благословена, чиста храна за Евреите]. Постењето е гладување и смирение (кое се зголемува со нашето благоволение да станеме расслабени). Постењето е дозволување нашето срце да биде скршено.

Сум видел многу добра постигнати во душите на оние кои паднале во постот, отколку во душите на оние кои „добро испостиле“. Секој пат митарите ги претекнуваат фарисеите во Царството Божјо.

Зошто постиме? Можеби посоодветно прашање би било „зошто јадеме?“ Христос го цитираше Светото Писмо пред лукавиот, велејќи: „Не ќе живее човекот само од леб, туку и од секое слово излезено од устата на Бога“. Ние јадеме како животот да ни зависи од тоа, иако не е така. Ние постиме затоа што животот ни зависи од Словото Божјо.

Неколку години работев како помошник во дом за стари лица. Во тоа време, секојдневно седејќи покрај креветите на луѓето кои умираа, научив по нешто за тоа како ние умираме. Медицински факт е дека многумина стануваат „анорексични“ пред да се упокојат, односно, престануваат да чувствуваат потреба за јадење. И честопати, ближните и докторите грижливо ги принудуваат пациентите кои не преживуваат да се хранат. Интересно е што пациентите кои биваат анорексични имаат многу помалку болка од оние кои, бивајќи анорексични, се принудени да примаат храна (ова не се однесува на психолошката анорексија која многумина го погодува во нивната младост – тоа е трагедија).

Се чини, пред смртта нашето тело ја има мудроста која ни недостига преку сиот наш живот. Телото знае дека она што му треба не е храна – туку нешто подлабоко. Душата трага и гладува за живиот Бог. Телото и неговата болка стануваат пречка. И затоа, по Божјата милост, таа пречка е намалена.

Христијанството како религија – како теоретски систем на објаснувања за рајот и пеколот, награда и казна, едноставно е христијанство кое е одвратено од својата вистинска форма. Или Го имаме спознаено живиот Бог, или немаме ништо. Или го јадеме Неговото тело и ја пиеме Неговата крв, или немаме живот во нас. Отфрлањето на исихазмот е извор на сите ереси.

Зошто, тогаш, постиме? Ние постиме за да живееме како човек кој умира, за умирајќи да се родиме за живот вечен.

Оставете коментар

2 Comments on "Божикен пост"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Postot e majka na molitvata,istochnik na cellomudrenosta i blagorazumnosta,uchitel na tihuvanjeto,patevoditel na sekoe dobro delo.Postot e obnovuvanje na dushata.

[…] Божикен пост Рождественски пост Постејќи за Рождеството Христово Разговори за постот (1) Разговори за постот (2) Оние што не нѐ следат Катавасија: Христос се раѓа, славете Го! […]

wpDiscuz