Божјиот одговор

Евангелие

На сите наши негативни мисли, Бог има позитивни одговори

Ти велиш: „Тоа не е возможно!“
Бог вели: „Она што за луѓето не е можно, за Бога е можно“ (Лк. 18,27).

Ти велиш: „Премногу сум изморен.“
Бог вели: „Јас ќе ве одморам“ (Мт. 18,27).

Ти велиш: „Никој не ме љуби.“
Бог вели: „Јас љубам“ (Јн. 3,16; 1,4).

Ти велиш: „Никако не можам да тргнам напред.“
Бог вели: „Доволна ти е Благодатта од Мене“ (2 Кор. 12,9).

Ти велиш: „Не разбирам што ми се случува.“
Бог вели: „Јас ќе управувам со твојот чекор“ (Пс. 3,4-5).

Ти велиш: „Не го можам јас тоа.“
Бог вели: „Ти сѐ можеш“ (Фил. 4,13).

Ти велиш: „Не сум способен.“
Бог вели: „Јас сум способен“ (Мт. 18,27).

Ти велиш: „Нема да излезе тоа на добро кај мене.“
Бог вели: „Знаеме дека оние кои Го љубат Бога, сѐ на добро им излегува“ (Мт. 18,27).

Ти велиш: „Не можам да си простам на себеси.“
Бог вели: „Јас ти простувам“ (1 Јн. 1,9; Рим. 8,1).

Ти велиш: „Не можам да излезам на крај со ова.“
Бог вели: „А Бог ќе ја исполни секоја ваша потреба“ (Фил. 4,19).

Ти велиш: „Се плашам.“
Бог вели: „Оти, нам Бог ни даде дух на плашливост…“ (2 Тим. 1,7).

Ти велиш: „Постојано сум загрижен и разочаран.“
Бог вели: „Сите свои грижи положете ги на Мене, зашто Јас се грижам за вас“ (1 Пт. 5,7).

Ти велиш: „Немам доволно време.“
Бог вели: „Јас секому му ја давам мерата на времето“ (Рим. 12,3).

Ти велиш: „Не сум доволно умен.“
Бог вели: „Јас ти давам мудрост“ (1 Кор. 1,30).

Ти велиш: „Се чувствувам осамено.“
Бог вели: „Јас нема да те напуштам никогаш“ (Евр. 13,5).

Оставете коментар

2 Comments on "Божјиот одговор"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Tekstot e mnogu ubav.Se pronajdov vo nego.Kako treba da se potpreme na Bozjata sila na Bozjata volja i koga mislime deka sme sosema sami ,koga mislime deka ne mozeme ponatamu i koga sme razocharani.

Лиле, најважно е да Го љубиме Христа, и да знаеме дека Тој постојано е со нас. Ние никогаш не сме сами, односно, сами сме само тогаш кога избираме да Му речеме „не“ на Бога и на ближните. Со читање на Светото Писмо и смирена молитва постојано ни се нуди заедницата со Бога, која пак својата кулминација ја остварува на Литургија, во Светата Причест.

Сите ние мора да сфатиме дека без Бога сме бедни и немоќни, подлуѓе, а со Него сме радосни и остварени луѓе, мали богови по благодат.

wpDiscuz