Болки и лекови

Оче, јас често примам лекови, а вие, колку што ми е познато не пиете дури ниту кафе.

Јас веќе сум ти зборувал за ова. Кога христијанинот со полна доверба се предава на Господа, тогаш Тој испраќа мир и спокој, и во телото на човекот, и во неговата внатрешност. Како резултат на тоа, внатрешните органи и жлездите започнуваат да функционираат нормално и ние се ослободуваме од она што порано ни пречело и повторно стануваме здрави. Гревот, раздразливоста и егоизмот водат, ем кон претерана активност, ем кон паѓање на интензивноста на работата на организмот, од кои се јавуваат болестите.

Самиот организам го знае правилниот, среден пат и се стреми кон мир. Еве, на пример, кога имав чир, лекарот ми даде еден лек што се викаше Zantac. Во моментот кога го примив, болката ми стивна. „Ете – си реков – тоа не е добро. Значи тој лек, некаде, на друго место во организмот нанесува повдреда во организмот“. И веќе не го примав лекот, претпочитајќи да трпам болка.

Св. старец Паисиј Светогорец

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz