Бој се од Господа и бегај од злото

cetvrtok-prva-sedmica

Бој се од Господа и бегај од злото (Изрек. 3,7). Врвот на твојата побожност нека се состои во зацарувањето на стравот Божји и вкоренувањето на цврста намера да побегнеш од секое зло, па макар тоа да го платиш и со животот. Немој да се задоволуваш единствено со надворешниот изглед на побожноста, туку погрижи се за својата внатрешност: влези во себе и види како размислуваш, т.е. дали си согласен со вистинитите Божји зборови; погледни ги своите склоности и расположенија, т.е. дали се такви, какви што Господ во Евангелието очекува да бидат; погледај на сиот свој живот, т.е. дали е во сè согласен со заповедите Божји. И тогаш, сето богопротивно оплакувај го и замрази го, одлучувајќи веќе да не се вратиш на тоа. Правејќи така – ќе бидеш премудар.

Свети Теофан Затворник

+ + +

Постот сметај го за оружје, молитвата за ограда, а солзите – за бања. Плашливиот војник трепери од звукот на труба кој навестува борба, а стомакоугодникот од наговестувањето на почеток на пост. Добар е лебот на постот, оти во него го нема квасецот на сластољубието.

Свети Нил Синајски

+ + +

На Денот на Судот, внатрешната состојба на секој човек ќе биде откриена и секој ќе се најде онаму кадешто заслужува да биде. Секој од нас ќе ја види својата бедотија како на телевизиски екран, како и состојбата на другите околу него. Ќе може да се спореди со другите и засрамен ќе се поклони и ќе продолжи кадешто заслужува.

Мислам дека Судот ќе се случи на следниов начин; значи, Христос нема да рече: „Еј, ти – дојди ваму! Што направи?“, или „Ти: ти одиш во пеколот“, или „Ти: ти одиш во рајот“; попрво, секој од нас ќе се спореди себеси со другите и ќе продолжи онаму кадешто знае дека му е местото.

Старец Паисиј Светогорец

Оставете коментар

1 Comment on "Бој се од Господа и бегај од злото"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Бој се од Господа и бегај од злото (четврток од првата с… […]

wpDiscuz