Бог те поканува да бидеш Негов гостин

Бог те поканува да бидеш Негов гостин на Рождеството на Неговиот Син

Дојди, смртен човеку, од грев и жалости потиснат,
Дојди кон Детето во јаслите,
Допри Го, и побел од снег ќе бидеш,
Оти дојден е Тој злостратите на срцето да ги исчисти.

Пештера Витлеем

А тогаш кога ја прифаќаш Неговата покана, и в црква доаѓаш да го видиш она што Бог го открива:

Да ги воздигнеме нашите духовни очи кон Витлеем,
богоумни гости Христови,
со пастирите и ангелите одозгора,
да внимаваме на чудото.
Пофалба на Господа да Му запееме,
кој мир и благоволение на народите им носи.
Фалете Го Господа, сите дела Господови!
Превознесувајте Го во вековите.

Зашто, Христос нè прави деца Божји, и на тој начин, браќа и сестри помеѓу себе.

Заповедта на љубовта исполнувајќи ја,
во дела и вистина браќа да бидеме.
Еден со друг да се смириме,
Еден со друг на мудроста на милосрдието да се поучуваме.
Христос, дарителот на мирот, благоволение на луѓето им носи,
Спасувајќи ги оние кои воспеваат:
Фалете Го Господа, сите дела Господови!
Превознесувајте Го во вековите.

Песните се дел од Канонот на Повечерие
на Претпразненство на Рождество Христово

Оставете коментар

1 Comment on "Бог те поканува да бидеш Негов гостин"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Бог те поканува да бидеш Негов гостин Послушај, душо моја Божик е. Со нас е Бог. Ти дојде! Слово на концерт: Рок до небото […]

wpDiscuz