Бог, Неговата Промисла и спасението

kupola

  1. Со светот управува само Божјата Промисла. Во тоа е спасението на верникот и во тоа е силата за претрпување на земските страдања.
  2. Бог со никого не се советува и никому не дава одговор. Без сомнеж: сè што Тој прави е дар за нас, љубов и добрина.
  3. Без вера сè е страшно и самиот живот не е живот.
  4. Животот денес е многу проблематичен, а знаете ли зошто? Бидејќи, потполно сме се оддалечиле од Изворот на животот – од Бога.
  5. Не е битно што правиме, битно е како и во Чие Име. Во тоа е спасението.
  6. Не постои пречка за човек да се спаси во било кое време, бидејќи оној што сака да се спаси ќе биде воден по патот на спасението од Самиот Спасител.

Старец Јован Крестјанкин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz