Што да се прави кога блудната страст напаѓа?

Што да се прави? Добро прашање. Пред сè, човек треба да биде искрен сам со себе. Не треба од себе да прави нешто што не е. Не треба од себе да направи првовековен христијанин. Не треба од себе да направи победник на страстите. Ништо од себе не треба да направи и треба искрено да се потруди да разбере: „Кој всушност сум јас?“

Кога тоа ќе го разбере, треба да разбере дека може. И ете, ваквиот искрен начин на живот пред лицето Божјо најверојатно ќе биде спасителен.

Што да се прави? Господ не се променил, Он со векови е еден и ист. Него треба да го барамe, и на патот кон Него да се најдеме самите себе, затоа што ние самите не се познаваме. Можеби ова звучи многу општо, но треба да се прашуваме каде е Господ. Пророците напишале, дека свештениците ќе бидат казнети за тоа што од рано утро не прашувале каде е Господ. Треба да го бараме Господа и да се стремиме кон Него. Само на тој пат човекот ќе почне да се наоѓа себеси, и она што е скриено во него ќе почне самото да му се открива.

Сите гревови се во нас, и потребно е на Бога да му принесеме покајание – не само за да собереме факти за нашата гревовна биографија, туку и за тоа што во нас скриено присуствува нешто за коешто ние самите не знаеме.

Подготвен ли си да ми го дадеш она, што и самиот не знаеш дека го имаш? По обичај, луѓето се подготвени. А она што луѓето не знаат дека го имат, тоа е или најскапоценото, или пак најстрашното нешто што го имаат. Како дел од нашите гревови, најверојатно, најстрашното нешто што го имаме е тоа што не го знаеме за себе. А највредното – тоа што најмалку го цениме. Најверојатно е тоа.

Сметам дека сите ние пребиваме во престапничка состојба на душата и умот, состојба во којашто не го знаеме ниту доброто ниту лошото за себеси. Највредното во нас не го цениме, а од најстрашното не се плашиме. Затоа најверојатно и невозможно е да спасиш некого, затоа што тој самиот за себеси ништо не знае. Кого да спасуваш, ако наместо тебе – човек, имаш една комплетна илузија, една комплетна претстава за себе и цел сет од маски…

Духовниот живот го разголува човекот. Духовниот живот не го претвора автоматски во подвижник, туку му ги симнува маските. Нашите трошни, параолимписки обиди да го изобразиме духот на великаните се во суштина грди. Нашиот пост, нашите молитви, нашата духовна обука, вопшто нашиот начин на живот за жал најчесто се грди.

Зборовите како „искушение“, „гордост“ , „пекол“, „утеха“, „благодат“, „рај“, „страст, „посета Божја“, „блудна страст“ не се некакви архаични термини, туку реални појави. А вистинските страсти, како кучиња гризаат, и како оси боцкаат…

За позитивно да се исполни човековиот живот, потребно е сета евангелска лексика, со која ние така лесно се ползуваме, да се исполни со внатрешно доживување, со живо чувство. Всушност таа и таква е. И само тогаш човек може да разбере, каков е тој, и во севкупната комплексност на сето тоа се раѓаат два збора: „Господи помилуј!“

Отец Андреј Ткачјов

Оставете коментар

1 Comment on "Што да се прави кога блудната страст напаѓа?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Mislam deka lentata sto vrti dole ne e voopsto soodvetna. Ova e duhovna sodrzina sto treba smireno da se cita, a lentata samo odvrakja vnimanie kako nekoja reklama. So pocit

wpDiscuz