Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји

krst-na-porta

…(значи), мирот, сам по себе, е благ и го засладува сето она што ни е мило во животот. Па дури и нѐ снајдат некакви човечки неволји, ако мир имаме, со злото полесно ќе се справиме, зашто со добро ќе го измешаме; но, ако животот ни е прогонуван од војна, стануваме бесчувствителни, дури и за сопствените причини за тага. Зашто, општата пропаст е поголема од поединечната причина за болка… Навистина, мирот е најголема од сите радости; и Бог сака секој од нас да има толку многу мир, што во изобилство ќе може да им го предаде тој мир и на другите.

Што е мирот?

Што друго ако не љубовно расположение кон ближниот? А што е спротивно на љубовта? Омразата, гневот, бесот и зависта, држење лутина и дволичност и борбена настроеност. Гледате ли колку многу болести се спротивни на мирот? Мирот е подеднакво спротивставен на сето она што претходно го споменавме, и ги уништува сите овие зла. Како што болеста исчезнува кога здравјето ќе надвладее, и како што ја снемува темнината штом светлоста засвети, така и, штом мирот се појави, сите страсти противни на него исчезнуваат.

Ѓаволот живее во луѓето со кои владее гнев

Кога страста завладејува со човекот, и кога крвта му зоврива, кога гневот, како што се вели, го жесточи целото негово тело, тогаш останатите негови сетила му се згрчени, а тој самиот врие. Очите му се испакнати, како да крвоточат кон противникот; целата внатрешност му е стегната, тешко дише; вените му се отечени, јазикот задебелен…

+ + +

И повторно, Каин го убива Авел. Зависта го нарачува убиството. Лицемерието го извршува.

+ + +

Сметам дека секој човек е повикан да биде совршен миротворец, да го помирува немирот меѓу телото и духот во себе, односно да ја смири природната внатрешна борба, за законот на телото да не војува пртив законот на умот, туку да се потчини пред повозвишениот закон и да стане служител на Божествената промисла.

од толкувањето на св. Григориј Нисски на блаженствата

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz