Благодарење во автобусот

Еден старец ни ја раскажа следнава случка:

Еднаш патував со автобус. Каква ситуација! Некој побара од возачот да го намали звукот на радиото. „Меѓу нас има еден свештеник“, рече тој (виде дека сум монах). Меѓутоа, возачот уште повеќе го засили звукот на радиото. Ја кажував Исусовата молитва. Човекот кој се заложи за мене сакаше да реагира, но јас ум реков дека не ми смета. За тоа време размислував: „Ако, не дај Боже, сега се случи сообраќајна несреќа, и ако овие луѓе бидат извадени од автобусот, еден би бил со скршена нога, друг со напукнат череп, па некое дете би врескало, друго би било осакатено… Како би се носел со таа глетка? Слава Му на Бога, овде сè е добро. Луѓето си слушаат музика!.

И така, гласната музика се претвори во основа за моето сопствено псалмопеење. Тие со нивното, јас со своето!

+++

Живејте во атмосфера на непрестано славословење и благодарење! Најголем грев е неблагодарноста, а најголем грешник е неблагодарниот човек.

Од Светогорскиот старечник

Оставете коментар

4 Comments on "Благодарење во автобусот"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
sto se odnesuva na blagodarenjeto , ednas koga cekav na granicen premin za vlez vo druga drzava, se sluci edna interesna slucka.Imeno bidejki bese zima i studeno, eden covek so beli rakavici i volnen sal go bese izgubil pasosot i ne mozese da mine iako od doma go bese ponel i site od avtobusot pomognavme da go pobara pak, osobeno sreka imase edna gospodja so taze stavena solea krema i osobeno ljubezen glas koja od prva raka go pronajde- vo neseserot za licna higiena, pritoa , vnimatelno odlozuvajki gi cetkata i pastat za zabi, vo predelot otstana stoese trazeniot pasos.Kolkava… Read more »

gospodinot vo znak na blagodarnost i podari na zenata prekrasno miljence vo vid na srce , racna rabota na negovata sopruga.

gospodinot vo znak na blagodarnost i podari na zenata prekrasno miljence vo vid na srce , racna rabota na negovata sopruga.

Старец Пајсиј Светогорец.

wpDiscuz