Бисквити Сите Светии и слобода

Откако го изговорив ‘по молитвите на светите отци наши…’ се запрашав, ‘а зошто не велам само Господи Исусе Христе помилуј нè?’ и гледајќи во ситните зрнца плазма го предвкусив Животот на Троицата со сите светии. Сфатив зошто ги споменувам сите светии. Секое зрно го гледав како еден светител. Во секое зрнце измешано со млекото го насетував присуството Божјо со сè што Бог избрал да прими во Него. ‘Ако Бог избира да биде во леб и вино, зошто не би избрал да биде и во млеко и плазма?’ се прашував голтајќи и чувствувајќи ја Црквата по долго време неадминистративно.

А животот беше тежок. Ретки беа моментите кога знаев дека Бог ме гледа. Талкав од еден ум во друг. Барав мир. Оддишка. И тешко ја наоѓав. Амбициозен бев. Сакав да бидам семоќен. И не можев. Имав милиони начини и слики да ја изразам мојата слобода, но бев во некој кафез што сам сум си го направил. А не седев слободно ниту во тој кафез.

Имитирав, крадев и гледав како живеат врвните луѓе, но најмногу бев имитатор на себеси. Се копирав и досадно се повторував себеси. Често размислував за промашениот живот на другите, за балканската демократија која нè уништува, за духовниците кои уништуваат цели животи и семејства, а ретко се гледав себеси.

Старец Максим

Оставете коментар

1 Comment on "Бисквити Сите Светии и слобода"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

буцкаста теологија 😀

wpDiscuz