Биометриски пасоши

sl-07

Веќе неколку години проблематиката на биометриските системи на идентификација го окупира вниманието на стручната јавност, но и пошироките слоеви на општеството во целиот свет. На подрачјето на нашата помесна Црква ова прашање често го покренуваат православни верници во разговорите со своите парохиски свештеници и духовници. Слично беше и во поглед на биометриските лични карти, за кои има доста напишано во претходните неколку години и на таа тема нема потреба ништо дополнително да се апсолвира, освен евентуално, да се потсетат граѓаните дека имаат право да изберат дали на новите, пластифицирани исправи ќе има чип или не (регулирано со Уредбата на Владата под реден број 110-320/2007) . Во случај службениците на МВР погрешно да ги информираат граѓаните за правата во врска со личните карти (да речеме, доколку ги наведуваат граѓаните да мислат дека немаат право на избор во однос на чипот, или автоматски го впишуваат тој избор за граѓаните, или тврдат дека правото на избор ќе постои само уште некое време, или доколку на било кој ги доведуваат луѓето во заблуда) граѓаните треба да побараат дисциплинска постапка против нив за да ги одбранат правата на своите ближни кои се доведуваат во заблуда.

Она што сега е во средиште на вниманието и што создава голем број недоумници се биометриските пасоши, поради кои голем број на верници и свештеници се обраќаат на Центарот за проучување и употреба на современите технологии на Ариепископијата белградско-карловачка за стручен совет. Иако таа проблематика е комплементарна на претходната, таа сепак не е иста и поради тоа, на самиот почеток е потребно да се наведат определени факти за да се избегнат произволностите кои, за жал, се често присутни во нашата јавност.

ФАКТИ

Пасошот е меѓународна патна исправа чиј стандард го носат Обединетите Нации, додека личната карта е национален идентификациски документ чиј стандард го пропишува законодавството на секоја држава посебно. Пасошот се добива на доброволна основа, додека личната карта (во случајот на државите кои ја препознаваат како идентификациски документ) е најчесто обрзувачка (иако постои определен број на држави во кои и таа се издава на доброволна основа).

Електронските пасоши кои се читливи на далечина (односно пасошите кои во себе имаат микрочип – примопредавател) се настанати под притисокот на администрацијата на Соединетите Американски Држави врз МГАО (Меѓународна Цивилна Авијатичка Организација), тело на ООН задолжено за носење на стандарди за патнички документи. Непосреден повод за тој притисок биле терористичките напади на 11 септември 2001 година. После тие притисоци, МГАО го донесе стандардот 9303 со кој се воведуваат и регулираат електронските пасоши.

Стандардот МГАО 9303 детално машински читливите патнички документи кои се вчитуваат на далечина. Овој стандард не побарува обврзувачко земање на класична биометрија (освен слика на лицето), ниту формирање на било каква база на биометриски податоци во позадина. Земањето на отисоци од прстите за електронски пасош се актуелизираше во моментот кога Европската Унија сосема неочекувано ја донесе својата регулатива, проширувајќи ги побарувањата на МГАО 9303 и побарувајќи од земјите-членки во определен рок да вградат и биометриски податоци (отисоци од прстите) во своите електронски пасоши. Таквиот пасош се нарекува биометриски (што е скратено од електронски пасош со биометриски податоци).

Динамиката на воведувањето на електронските пасоши е различна во земјите од светот: некои веќе ги вовеле, некои допрва работаат на нивно воведување. Обемот на податоци кои се земаат од граѓаните исто така варира. Во некои развиени земји од граѓаните воопшто не се зема биометрија, и на тој начин пасошите се изработуваат строго според МГАО 9303 стандардот. Така на пример во САД, како земја која го започна носењето на овој стандард, од граѓаните не се земаат отисоци од прстите за новите пасоши, додека старите образци на пасошите се потполно важечки до датумот на нивно истекување. Постојат и sui generis случаи, како Швајцарија, во која пред воведувањето на биометриски пасоши е спроведен референдум на кој разликата меѓу оние кои биле против воведување на биометриски пасош и оние кои биле за воведување била само еден процент во корист на последните.

Неразвиените земји се поттикнуваат на воведување на биометриските пасоши со тоа што им се дава можност да преминат од „црна“ на „бела“ листа, односно како услов за преминување на безвизен режим. Таков е и случајот со Република Србија во однос на Европската Унија. За некои земји од регионот, меѓутоа, безвизниот режим за влез во ЕУ е воведен неколку години порани, без било какви електронски пасоши и условувања (таков е случајот со Република Хрватска). Тоа укажува дека праѓањето на безвизниот режим е од политички, а не технолошки карактер.

КОНТРОВЕРЗИ

Контроверзите во однос на биометриските пасоши започнаа од нивото првично претставување на јавноста. Основните прашања кои се поставувани се во врска со безбедноста на податоците во нив (со оглед на можноста на читање на далечина и сместување на биометриските податоци), потоа отворањето на проблематиката на приватност на податоците, засилениот надзор на граѓаните и загрозувањето на дигнитетот на личностите кои се под неселективен сомнеж на државата.

Првата значајна реакција пристигнала од престижниот FIDIS конзорциум, а потоа и од најпознатите криптографски стручњаци како Брус Шнаер. Контроверзите особено добија на интензитет по „разбивањето“ на електронските пасоши (кои, за волја на вистината, во тој период немаа силна криптографска заштита).

Во однос на правото на одбрана на човечкиот дигнитет и приватност против биометриските системи за идентификација реагираа истакнати претставници на академската заедница, како професорот Џорџ Агамбен (еден од најпроминентните претставници на политолошката мисла) и професор Роџер Кларк (еден од највлијателните луѓе во светот на информациската технологија). Овие двајца интелектуалци, меѓу другото, со презир ги одбија поканите за предавања во САД затоа што им се побарани биометриски податоци за влез во таа држава.

До ден денес мислењата за биометриските пасоши се длабоко поделени: политичарите и корпоративниот капитал ги промовираат како решение за унапредување на безбедноста, додека борците за слобода и приватност на личноста ги критикуваат како еден од технократските инструменти за контрола во општеството под надгледување (surveillance society). Борбата на ова поле се’ уште прае и нејзиниот исход е неизвесен, иако притисокот на првите структури е многу силен.

ДИЛЕМИ

Меѓутоа, православните верници не се интересираат толку многу за прашањата на безбедноста и приватноста, туку најмногу прашуваат во колкава мера прифаќањето на биометриските пасоши е нешто што е неспоиво со христијанската совест, воглавно набројувајќи ги предупредувањата на еден број духовници околу тоа дека се работи за весник на духовно неприфатливи концепти.

На ова прашање е извонредно тешко да се даде прецизен одговор и личните мислења во голема мера се разликуваат. Што се однесува до соборните ставови, Синодите на Руската и Романската Православна Црква од неодамна дадоа свои соопштенија кои суштински може да се сведат на тоа дека не треба да се осудуваат ниту оние кои сакаат, ниту они кои не сакаат да земан од новите електронски (биометриски) пасоши и дека би било добро државата да најде начин да се грижи за оние вторите. Во контекстот на оваа проблематика важно е да се напомене и тоа дека пред неколку години Синодот на Руската Црква како потполно недопустливи ги означи проектите за вметнување на чипови во луѓето (ткн. Биочип решенија), но тоа е нешто сосем различно од биометрискиот пасош (иако тој лесно може да биде само еден од чекорите кон биочип решенијата – погледнете го текстот „Надгледувано кралство во изданието за ноември 2009 на списанието „Компјутерски свет“).

Значи, помесните Цркви констатираат дека постои проблем меѓу верниот народ, но дека оваа проблематика треба здраворазумно и критички да се проучува (пред се’ во контекст на идните промени) и дека по никоја цена не треба да се крева паника, ниту да се сее раздор мешу верниците со различни ставови, што би им користело само на противниците на Црквата. Во конктекст на таквиот став се истакнува дека не смее да се дојде до поделба меѓу верниот народ во поглед на тоа дали некој сака или не сака да земе биометриски пасош и дека тоа е оставено на личната одлука, и дека таа одлука (каква и да е) секако не значи одвојување од Христовата благодар. Со тоа голем дел од дилемите за православните христијани е решен, барем за сега – останува проблемот на следење на идните текови кои се пред нас, посебно доколку постои тенденција кон недопустливи технолошки концепти (како биочип имплантот).

ЛИЧЕН СТАВ

И на крај, еве го и личниот став на авторот на овој текст, кое е само едно од многуте мислења кои никого не го обврзуваат.

На прво место внимание треба да се обрати на фактот дека пасошот е документ на доброволна основа, за разлика од личната карта, која е обврзувачка. Тоа практично значи дека пасошот нема концептуален потенција за обединување на сите документи, кој го има личната карта (под услов да се зачува суверенитетот на националните држави во светот) и тој тешко би можел да прерасне во, да речеме, универзално и ултимативно средство за плаќање или некој сличен технолошки супстрат на целосно надгледување. Додуша, има стручњаци кои го тврдат токму спротивното, дека пасошот фактички во еден момент ќе стане лична карта, особено во рамките на регионалните сојузи како ЕУ, што не е исклучено и останува како валиден аргумент за понатамошна расправа. Сепак, во однос на биометриските пасоши реално многу малку може да се направи освен обидите за пролонгирање на валидноста на старите пасоши моменталната собраниска инцијатива е старите пасоши да важат до 2010 година ). Би било добро доколку државата го овозможи користењето на старите обрасци во поширок временски опсег од овој, затоа што е речиси извесно дека ќе се случи еден број на безбедносни пропустисо оглед на проблематичноста на самата технологија која се користи при нивната изработка. Во секој случај, паметно би било да се сочекаат искуствата на другите земји, посебно на економски развиените.

Второ, важно е да се сфати дека суштинскиот проблем не е ниту електронската лична карта во сегашниот облик – повеќе пати е истакнувано дека на христијаните не им сметаат чиповите, ниту пластифицираните карти (слични миркочипови носиме во мобилните телефони и halo картичките ), туку самиот концепт на целосно надгледување на личноста кој во иднина би можел многу лесно да се спроведе преку интеграција на сегашните документи во еден единствен и задолжителен, преку кој би се извршувале сите трансакции во општеството. Во тој случај човекот би бил под автоматско и паноптичко надгледување од една страна, а би зависел од електронскиот начин на плаќање од друга страна, и на тој начин фактички би ја изгубил автономијата и независноста во однос на државата (што е сон на секој авторитарен и тоталитарен режим). Значи, проблемот не е во сегашниот облик на лични карти со чипови, туку во неговиот иден развој, земајќи ја во предвид нејзината концептуална потентност и доминантните технолошки и општествени токови.

Трето, се чини дека далеку позначајно е да се вложи труд за да се задржи веќе добиената алтернатива во поглед на личната карта (можноста за избор на нов образец со чип или без него), отколку да се вложува труд во оспорувањето на биометриските пасоши. Таа алтернатива може да се задржи само доколку критична маса на граѓани го земе новиот образец на лична карта без чип. Според официјалната статистика, околу 25% од жителите на Србија го зема новиот образец без чип, што е одличен однос, посебно доколку се земе в предвид изразената медиумска кампања во полза на чиповите, незаконското однесување на еден број шалтерски службениви (кои буквално ги „напаѓаат“ луѓето да земаат чипувани обрасци) и дискриминаторската положба на оние кои го земаат новиот образец без чип (затоа што мораат да ја менуваат личната карта секој пат кога го менуваат постојаното место на живеење). Доколку овој броен однос се задржи (секој четврт образец без чип, што во крајна инстанца би било над милион граѓани), тоа ќе покаже дека меѓу српскиот народ се’ уште постои јака волја, критички дух и простојаност на личноста, толку многу важни во времето на глобализацијата.

Четврто, и најважно: кон оваа проблематика треба да се пристапува трезвено и со „ладна глава“, како што доликува на православните христијани, и да се избегнуваат крајностите кои водат во заблуди и поделби. Првата крајност е ултралибералниот став, окарактеризиран во христијаните кои очигледно сметаа дека Црквата треба некритички да ги прифаќа сите текови на современото општество и кои се чудат зошто воопшто на оваа проблематика и’ се придодава некаква важност. Суштински гледано, тоа е став на a priori капитулација пред светот по цена на комодитетот и потрошувачкиот начин на живот, без ниту малку чувство на христијанска одговорност. Другата крајност е од псевдоревнителски карактер, кога во име на православноста се отфрла секое технолошко решение, во се’ се наоѓа некаква завера и се внесува немир и раздор меѓу верниците со различни апокалиптични најави. Суштински гледано, тоа е став на луѓе кои немаат силна вера во промислителното делување на Бога и се ослонуваат пред се’ на себе и на своите сили. Тесниот пат кој поминува меѓу овие две крајности е критичното промислување на светот кој не’ опкружува, трезвеност во рассудувањето и храброст во делувањето, промислување на решенија во соборен дух и строго држење на единството на Телото Христово.

Во врска со тоа, во овој момент многу пожелно би било да се организира една сеправославна стручна конференција, детално да се разгледаат горенаведените прашања и да се излезе со еден заеднички став кој би имал посебна сила. На таа основа би можел да следи и изедначен став на помесните Цркви, со што би се разрешиле недоумниците и би се избегнале крајностите и поделбите меѓу верниот народ. Да се надеваме дека наскоро ќе дојде до таква иницијатива, можеби и баш во кругот на нашата помесна Црква , која веќе го даде својот придонес во организирањето на повеќе стручни симпозиуми и преку изработката на стручни студии од оваа област.

отец Оливер Суботиќ
Текстот е објавен во Православие бр 1024/2009

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz