Homonukulus: pro et kontra

Претставниците на повеќето светски религии ја осудуваат одлуката на Нобеловиот Комитет да ја додели овогодинешната Нобелова награда за медицина и физиологија на британскиот научник Роберт Едвардс. Имено, д-р. Едвардс е човекот кој ја направил и ја разработил единствената екстракорпорална технологија, поточно вештачкото оплодување. Методот за создавање на деца по неприроден пат противречи на верските канони и не е етичен, сметаат религиозните претставници.

Идејата за вештачко создавање на човек многу векови ги преокупирала разните алхемичари, магови и останатите „естествоиспитатели“. Иако денеска зачнувањето во епрувета постана реалност, до денес, во сите религиозни вероучења, скептичниот однос кон тој метод се нема изменето. Зашто, не попусто во познатата драма „Фауст“ на Јохан Волфган Гете, „хомункулусот“ добиен од епрувета, што во превод од латински значи „чове(К)че“, веднаш започнал да го учи не само својот творец, туку и вишите сили – на пример, самиот дух на темнината Мефистофел. И навистина, лишувајќи се од знаење за своето божествено создавање, човекот може да се побуни против самата идеја за бог, поставувајќи се себе си на местото на Творецот – таква мисла во интервјуто за радиокомпанијата „Глас на Русија“ изразил имамот (Иљдар Алјатудинов) на една од џамиите во Москва.

Божјите закони, законите на Творецот, кои се пропишани во повеќето религии, не го поздравуваат и го забрануваат вештачкото оплодување. Туѓото мешање во законите на Севишниот може да доведе до непредвидени последици, кои можат да се свртат против човекот. За жал, денес религијата и општеството се поделени. А она што е пропишано и изречено во светите текстови и писма, содржи навистина длабоки и важни мудрости и поуки, кои луѓето, пред сè научниците, треба да ги слушаат.

Вонтелесно оплодување прв пат во историјата на човештвото е изведено во 1978 година, во Англија. За основачи се сметаат кембриџските истражувачи – гинекологот Роберт Едвардс и ембриологот Патрик Стептоу. После нивната прва операција за вештачко оплодување на 25 јули 1978 година, семејството Лесли и Џон Браун го добива долгоочекуваното дете – ќерката Луиза. Девојчето стана првото дете од епрувета, како што после почнаа да ги нарекуваат децата родени со помош на овој метод.

Роберт Едвардс, кој работи на универзитетот во Кембриџ, повеќе од 10 години се занимавал со технологиите за вештачко оплодување. Првиот обид да се искористи за лечење на стерилитет бил превземен во 1975 година и звршил неуспешно. Сепак, благодарение на откритието на Роберт Едвардс, во светот се родени милиони деца од епрувета. Меѓутоа, денеска овој факт нему му го инкриминираат претставниците на римо-католичката црква. На пример, шефот на Папската Академија за заштита на животот, монсињор Игнасио Караско де Паула, го товари со одговорност д-р. Едвардс за тоа што во светот се појавила банка, каде се продаваат милиони јајце клетки, чиј огромен број се чува во замрзната состојба.

Исто така, и Руската Православна Црква негодуваше на веста за доделување Нобелова награда за медицина. Богословот и протоѓакон Андреј Кураев смета дека ова откритие допира сложено биоетичко прашање.

„Се работи за тоа што по правило лекарите не оплодуваат една јајце клетка, туку неколку. Во тој случај се поставува прашањето, што да се прави со останатите оплодени јајце клетки кои се во состојба да се развијат. Зашто ако тие се имплантираат во матката, во тој случај би се појавило нормално добро дете. А во дадениов случај се прима една јајце клетка, а останатите просто мораат да се уништат, односно да умрат. Таквото однесување, сепак, ни се чини неморално“ – додава Кураев. „Руската Црква потсетува дека немањето деца е исполнување на Божјата Волја. Па, и во детските институции во Русија чекаат на ред мноштво деца за посвојување, кои би биле среќни да стекнат грижливо семејство“, подвлекува Московската Патријаршија.

Извор: Гласот на Русија

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz