Безумниот владика

Еднаш, во старите времиња, кога владиците ја извршувале и службата на судии, кај еден свет владика на суд донеле жена која била обвинета дека извршила прељуба.

Погледнувајќи на неа, светиот владика рекол: „Бремена си, и твоето пораѓање ќе биде тешко“. Потем се завртел кон неговите служители и им повелал: „Дајте ѝ десет аршини платно. Ако умре за време на породувањето, ова платно ќе ѝ послужи за погребение; ако, пак, се роди детето, ќе ѝ се најде за него.“

Со овие зборови ја отпуштил жената без да ја казни. Тогаш една девојка, која присуствувала на судот и која ревносно сакала престапот на жената да биде казнет, повикала:

– Овој владика е безумен!

На тоа, светителот ѝ одговорил:

– Многу години во пустинскатa тишина се молев да го стекнам ова безумие, и сега не сакам да го заменам со никаква мудрост од светот.

адаптација од житието на авва Амон

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz