Беседа на четвртата недела од Великиот пост

Лествица

Една по друга поминуваат седмиците во Великот Пост; иако сме започнале со вдахновение, чувствувајќи во себе сили дека ќе го изодиме овој пат, често ни се случува приближувајќи се кон крајот, а понекогаш и на самиот крај, да чувстуваме дека не сме направиле ништо од тоа што сме се надевале дека ќе го направиме. Се надававме дека ќе постиме строго и искрено, се надевавме дека ќе се молиме, се надевавме дека ќе се оттргнеме од она што нѐ заробува за време на сиот живот – сите грижи, интереси… Но еве, доаѓа моментот кога веќе може да се види крајот од патот, и наеднаш сфаќаме дека ништо или сосема малку сме направиле од тоа што сме планирале. И тогаш сето ова може да нѐ направи деструктивни, и поттикнати од последните сили на духот на унинието да запрашаме: како можам да влезам во Страсните денови? Како ќе се сретнам со славата и торжеството на Воскресението Христово?

Тука треба да ја покажеме христијанската мудрост и нашата доверба кон Бога. Ние не сме спасени со тоа што се трудиме и што достигнуваме некакви резултати. Ние сме спасени преку тој копнеж на душата, што нè влече кон Живиот Бог, преку таа љубов која нè привлекува кон Христа. Па, дури и кога сме отишле во погрешна насока, слично како и во човечките односи, не смееме да заборавиме дека можеме да кажеме, како што одговорил апостол Петар после трикратното предавство на трикратното прашање од Спасителот Христос: „Господи! Ти сѐ знаеш! Ти ги знаеш и слабостите, и падовите,и колебањата, и моето неверие, ни Ти знаеш и дека јас Те љубам и дека тоа е последно и најдлабоко што постои во мене!“

И тогаш можеме да продолжиме и понатаму, како што Петар пошол по Христа, знаејќи дека Бог верува во нашата љубов, дека Бог ни верува и верува во нас. Ние можеме да одиме и понатаму со колеблив чекор, неизвесно движење, со полети и падови – но само ако со срцето не се оттргаме од Бога и продолжуваме да одиме. Да продолжиме да одиме бидејќи за неколку дена, седмица или две, ќе се сретнеме лице в лице со Страданијата Господови и реално ќе ја видиме онаа љубов со која Тој нѐ љуби.

Да го претрпиме тоа што Тој го претрпел за нас можеме само со неисрпна и бесконечна љубов. И сега, ако не можеме да се соединиме со Христа потаинствено, можеме да се соединиме преку молитва, созерцание и подвиг кон Неговиот крстен пат, да застанеме барем на работ од тој пат, на работ од крстниот пат и со големо внимание и трепет да се ужаснуваме, и со умиление(а можеби и нема да сме способни ни за ужаснување, ни за умиление) во душата да гледаме на тоа, што значи да се љуби и како Бог умее да нѐ љуби.

И тогаш, ако ништо друго не можеме да кажеме, на Бога можеме да Му речеме: „Фала Ти, Господи, што Ти мене мртвиот, скаменетиот, бесчувствениот, безживиот толку многу ме љубиш и што ќе дојде денот кога и јас ќе го слушнам кажаното на четиридневниот Лазар: излези надвор од гробот!“ Еден ден, секој од нас ќе го слушне ова, не на крајот на времето, не при воскресението на сите, како што Марта мислела, туку токму сега, во неочекуван момент, кога ќе го чуеме гласот Господов, а ние, во еден миг повторно ќе станеме живи, живи и во времето, и во вечноста…

Дури и на Пасха може да осознаме дека не сме направиле ништо достојно за таа средба со торжеството на Воскресението, ништо не сме направиле што би ни дало право на таа радост. Како што вели Јован Златоуст во своето пасхално Слово: „Вие кои постевте и вие кои не постевте, вие кои се трудевте и вие кои не се трудевте – сите дојдете, бидејќи Господ сите еднакво ги прифаќа“.

На едни Тој им оддава почит, на други им го подарува дарот на Својата љубов. Долговите, веројатно, нема да ни ги наплати, зашто ние не сме се труделе, туку дарот на љубовта на секој од нас му се дава. И затоа, без разлика во какво расположение сме, без разлика дали сме мрзеливи, или малку се надеваме, чекор по чекор да ги изодиме и последните седмици кон оваа светлина за да се засветли славата на Воскресението, да засјаи светлината на Воскресението, и да станеме подобни на несогорливата капина, која иако горела,не согорувала од пламенот на Божественото битие. Амин!

Митрополит Антониј Сурожски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz