Бдение за Успение во манастирот Ивирон на Света Гора

Тропар, гл. 1

При раѓањето девството го зачува,
при упокојувањето светот не го остави, Богородице,
се престави кај Животот,
Мајко на Оној што е Живот,
и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт нашите души.

Кондак, гл. 2

Во молитвите незаспана Богородица
и во претстоителствата неизменливо надевање
гробот и умирањето не ја задржаа:
како Мајка на Животот
кај животот ја престави
Оној што се всели во утробата секогаш-девствена.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz