Аз буки веди. Глаголи добро јест.

Аз буки веди...

Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн.

Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) добро (добро) – што во превод би значело: „Азбуката знај ја и говори ја добро“. Постојат неколку толкувања на оваа акрофонија, и некои ја преведуваат како: „Јас ги знам буквите. Словото е наследство [достоинство].“, или: „Јас Бога (Словото, буквата) го знам. Говори добро [делувај добро]“.

Речник на пет црковнословенски зборови

Приидите – дојдете, пријдете (пример: Придите поклонисмја – дојдете да се поклониме).
Иже – кој, кои (пример: Иже херувими тајно образујуште – Ние кои херувимите тајно ги изобразуваме)
Јегда или Егда – кога (пример: Јегда снишел јеси к смерти – Кога си се симнал кон смртта)
(Ј)елици – кои, сите кои (пример: Јелици во Христа крестистесја –Сите вие кои во Христа се крстивте)
Воззвах – повикав (пример: Господи возвах к Тебје – Господи повикав кон Тебе)

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz